Оваа девојка е првата жена од Босна со интернационална круна за убавина и запишана на мапата на светските убавици.
Иако имаат поминато 15 години од изборот за „Miss Earth“ на Филипините кога преубавата Џејла Главовиќ (35) на својата родна Босна и ја донесе победата, нејзината убавина се уште блеска со полн сјај. Таа денес е успешна деловна жена која зад себе има 17 години светска кариера како модел, и важи за една од најуспешните манекенки на целиот Балкан.
https://www.instagram.com/p/BdkI1E5npuo/?utm_source=ig_embed
Родена е во Сараево, но веќе со 16 години ја започнува својата интернационална кариера. Има работен на сите континенти, но најголем успех постигнува во Италија и Германија. Тогаш нејзин матичен агент беше иконата на југословенското манекенство, познатата српска манекенка Тамара Бакиќ за која Џејла ќе каже:
„Тамара ја направи најважната работа, мојот прв пласман во светот. Ме има научено на многу детали поврзани за изгледот на професионалните модели, дека треба да изгледам кул и опуштено на кастинзи. Како да се негувам и секогаш да имам самодоверба, да бидам дама и така да се однесуваат кон мене“, вели манекенката во интервју за Базар.