Џенифер Анистон реши на 50 години да се соблече и ги воодушеви обожавателите

Џенифер Анистон ги изненади сите со топлес фотографии за руското издание на „Harpers Bazaar“.

Убавата актерка во своето интервју откри зошто е се уште сама по разводот од Џастин Теру. Таа тврди дека едноставно нема време за љубов додека работи напорно на нова серија што ја снима со колешката Рис Витерспун.

ADVERTISEMENT

„Дали сум на апликациите за запознавање? Па не. И да бидам искрена, воопшто немам време за тоа. Фокусирана сум на снимањето на серијата, така што состаноците не ми се приоритет“ вели таа во нејзиното интервју.

Фото: Инстаграм/ Harpers Bazaar

Сепак, таа призна дека не се откажува од љубовта.

„Тоа не е нешто што можете да го барате. Ако љубовта ми тропне на вратата, ќе биде повеќе од добредојдена. Секако дека немам завршено со тоа“, вели Џенифер, а многу нејзини обожаватели во овие зборови гледаат скриена порака до нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

Фото: Инстаграм/ Harpers Bazaar

Имено, откако Бред се разведе од Анџелина Џоли постојано се шушка дека тие би можеле повторно да бидат заедно, а неговото присуство на нејзиниот 50 роденден во февруари, само ги засили овие шпекулации.

Facebook Comments
(Visited 502 times, 1 visits today)