Џамбазов со емотивна порака се прости од својот голем пријател – КОРОНАВИРУСОТ однесе уште едно наше познато лице

Познатиот актер Љупчо Тодоровски -Упа го изгуби животот на 63 годишна возраст по компликации од Ковид-19.

Фото: Фејсбук/ Љупчо Тодоровски -Упа

Тодоровски беше еден од нашите најзначајни македонски актери, а се занимаваше и со театарска и филмска режија, ТВ продукција и пишување на сценарија. Тој дипломира актерство во 1983 година во класата на професорот Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапувал во Драмскиот театар, а по академијата, воден од својот творечки немир, предизвикот на големиот град и можноста за почесто играње на филмското платно, заминува за Белград, каде што настапуваше во повеќе филмови и театарски претстави.

Неговата последна улога е во култниот краткометражен филм „Налепница“ на Георги М. Унковски, а играше и во филмовите: „Ругање со Христос“, „Џган“, „Јазол“, „Одмазда“ и „Пред дождот“.

Пријателите и колегите со тажни зборови се збогуваат од својот почитува колега кој важеше за голем другар. Еве што напиша актерот и шоуменот Игор Џамбазов за него на социјалните мрежи, откако само еден де претходно се збогуваше и од легендарната спикерка Бранка Станковска.

Фото: Фејсбук/ Љупчо Тодоровски -Упа

„Каде пријателе мој? Ни поздрав, ни порака, ни средба, ништо…барем да ми се јавеше, и во твој стил да ми кажеше: “шо праиш бе детиште?”. И ти беше едно големо дете, поголемо дури и од мене. А серијата? А филмот?“

„А нашата заедничка турнеја низ Македонија на која ќе го рецитиравме Блаже, Гане, Петре, Анте, Миладиновци?“

Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов

„Почивај во мир, драг мој другар, солзи одамна немам да ве исплачам сите Вас што така лесно не напуштате. Збогум Упа!“, напиша Џамбазов на својот профил на Инстаграм.

Фото: Фејсбук/ Љупчо Тодоровски -Упа

Фото: Фејсбук/ Љупчо Тодоровски -Упа

Фото: Фејсбук/ Љупчо Тодоровски -Упа

Фото: Фејсбук/ Љупчо Тодоровски -Упа

Фото: Фејсбук/ Ани Малинкова

Фото: Фејсбук/ Љупчо Тодоровски -Упа

Фото: Фејсбук/ Љупчо Тодоровски -Упа

Фото: Фејсбук/ Љупчо Тодоровски -Упа

Фото: Фејсбук/ Љупчо Тодоровски -Упа

Фото: Фејсбук/ Љупчо Тодоровски -Упа

Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
(Visited 4.426 times, 1 visits today)