Ќе се слави во домот на Агнеса- ова е посебен ден за неа

Жената која важи за една од најдобро облечените и најубавите трендсетерки и честиташе роденден на својата ќерка.

Инфлуенсерката Агнеса Органџиева во последно време е доста активна на социјалните мрежи, а со својата убавина и чувство за мода секојдневно ги „маѓепсува“ своите фанови.

Агнеса е правничка по професија и мајка на две прекрасни ќерки, Вивиен и Тифани.

Токму поради Вивиен овој ден е посебен во нивното семејство.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Имено постарата ќерка на Агнеса Вивиен денеска полни 18 години, а гордата мајка на својот Инстаграм профил и го честиташе роденденот на својата ќерка.

„Вивиен дете мое, душо моја … дојде и овој ден да станеш полнолетна девојка. Нека ти е честит роденденот. 18-ка е бројката што започнува второ поглавје во твојот живот. Те сака мама“ напиша Агнеса на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Агнеса Органџиева важи за една од најубавите и најдобро стилизираните дами кај нас, па се чини дека тоа го наследиле и нејзините ќерки.

Убавината во ова семејство очигледно е наследна, а за тоа е доказ и мајката на Агнеса.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

И додека некои мислат дека модната инфлуенсерка Агнеса Органџиева има направен повеќе естетски корекции, таа во едно свое интервју откри дека е во најдобрите години и дека својот шарм го наследила од својата мајка.

Од фотографиите кои Агнеса ги објавува можеме да видиме дека убавината ја наследила од неа, но и дека и нејзината мајка се држи одлично за свои години.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Три генерации убавина и жени со совршен стајлинг.

Сепак не се само добрите гени, тука се добрите манири, совршениот стајлинг и доброто однесување се неколку епитети кои ја красат Агнеса.

Таа во интервју за „Бекстејџ“ откри дека многу и е важно однесувањето додека е на вечера. Вели дека бонтонот е најважен за неа.

Се труди да ги воспита своите ќерки и вели дека пцости и вулгарни зборови и во нивниот дом тоа е забранета тема.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
(Visited 1.221 times, 1 visits today)