„Ќе платиш ли и за мене?“ Ердоган доби сладолед од Путин

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган доби сладолед од неговиот руски колега, Владимир Путин, за време на посетата во Русија, пренесе „Гардијан“.

Шефот на Роскосмос го предложил ова за време на авијациското шоу МАКС-2019 во вторникот, кога се сретнал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Турскиот лидер присуствуваше на отворањето заедно со својот руски домаќин Владимир Путин.

Тие заедно го посетија авијациското шоу МАКС, при што најдоа време да се освежат со по еден сладолед, пренесува Гардијан. – Ќе платиш ли и за мене?, го праша Ердоган својот домаќин. – Секако ти си мој гостин, одговори рускиот претседател.

ADVERTISEMENT

Москва сака да ја продлабочи соработката со Турција на полето на вселената, додал Рогозин, па биле дискутирани „различни опции“ за соработка. Ердоган наводно бил поласкан од понудата. „Ќе учествуваме во вашата ценета работа. Ви благодарам од името на нашата земја, ви благодарам за работата што ја направивте досега“, рекол тој.

Турција веќе неколку години работи на испраќање човек во вселената. Вселенските амбиции на Анкара уште повеќе се зголемија минатата година, кога беше официјално основана националната вселенска агенција на земјата.

Facebook Comments
(Visited 24 times, 1 visits today)