Ќе ни донесе ли среќа папата Франциск среќа на ЕУРО 2021- Пендаровски му подари македонски дрес, но првата дама ги собра сите погледи

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска во посета на Рим се сретна со папата Франциск.

Заедно со претседателот на посетата присуствуваше и преубавата сопруга на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска која иако беше облечена во црно блескаше од убавина.

Како што наложува протоколот постои и „дрескод“ при посета кај папата.

Едно од нив е поврзано со дрес кодот за време на посетите на високи државници. Жените треба да носат долг црн фустан со високо деколте, долги ракави и црн превез.

ФОТО: Стево Пендаровски/ Фејсбук

Па така и нашата прва дама облечена во црн костим и венче со црв превез на главата стоеше гордо до својот сопруг со насмевка на лицето.

Пендаровски овој момент го искористи за да му подари на папата Франциск дрес од македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица.

Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација.

– Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил.

ФОТО: Стево Пендаровски/ Фејсбук

Со оглед дека македонската прва дама е голем хуманитарец нема сомнеж дека уживала во ваквата посета.

– Добивме поддршка и благослов да продолжиме посветено да работиме за мир, среќа и благосостојба на сите наши граѓани. Врз темелите на бесмртното дело на Светите Кирил и Методиј, со заштитниците на Европа и понатаму ревносно да градиме заедничка просперитетна иднина, напиша Пендаровски по средбата со папата Франциски.

ФОТО: Стево Пендаровски/ Фејсбук

Елизабета каде и да се појави доминира со својот едноставен и шик, но секогаш зрачи со елеганција и женственост.

Во интервју за „Репортер“, Елизабета кажа дека се облекува во облека од македонски дизајнери и сака да им биде поддршка.

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук

ФОТО: Елизабета Ѓоргиевска/ Фејсбук
(Visited 648 times, 23 visits today)