Реклама
Вирално

Зборови на мајката на Вања од кои на многумина ќе им се заледи крвта – еве што правел таткото на денот на убиството

Таткото на Вања бил во домот на мајката и ја тешел истиот ден кога нивната ќерка е убиена?!

Реклама

Обвинителството за таткото на Вања бара притвор

Александар Ѓорчевски, таткото на киднапираната и убиената Вања (14), донесен е во Кривичниот суд во Скопје.

И тој е еден од осомничените во случајот со монструозното убиство на неговата иако според исказите на тројцата веќе притворени осомничени тој информациите за неговата ќерка не ги дал директно, туку истите му ги пренел на првоосомничениот Љ.П. кој во моментот е во бекство.

Маркетинг

Обвинителот и за таткото бара да му биде одредена мерката притвор од 48 часа како не би пречел или избегал од истрагата.

Таткото помина 24 часови во полициската станица и во обвинителството е приведен на сослушување.

Претходно, на прес-конференцијата министерот Оливер Спасовски посочи дека тој негирал вмешаност во случајот.

Фото: Фејсбук

Но според исказите на тројцата обвинети, тој ги доставувал информациите за времето и местото кога Вања ќе биде сама, а со цел таа да биде киднапирана, а потоа од нејзината мајка да се бараат пари.

Потсетуваме, малата Вања беше киднапирана на 27 ноември околу 7.20 часот, кога излегла од дома за да оди на училиште.

Оваа информација наводно на киднаперите им ја дал нејзиниот татко, кој иако не живеел со мајката на Вања и нејзината сестра, имал клуч од станот и постојано бил со семејството, како што откри самата мајка за „Скопје1.мк“ додека потрагата по нејзината ќерка се уште траеше.

Имено, редакцијата на порталот „Скопје“ 1 ја контактираше мајката Зорица и тоа на денот на исчезнувањето на Вања, која тогаш посочи дека нејзиниот поранешен сопруг има клуч од нивниот стан и покрај тоа што се разведени и дека немаат нарушени односи.

„Еве, секој ден е тука, има клуч од станот. Двајцата сме ориентирани на децата, немаме никакви нарушени однос“.

„Еве го, тука е , до мене“, изјави мајката на Вања вечерта во понеделникот, околу 20.00 часот, неколку часа откако била убиена нејзината ќерка.

Потсетуваме според податоците од истрагата, киднаперите Вања ја совладале во влезот, и ги врзале нозете и рацете, а потоа ја спакувале во вреќа за спиење и ја однеле во автомобилот марка „цитроен“ со кој избегале од местото на настанот.

Неполни три часа подоцна Вања е убиена, откако киднаперите дознале дека случајот е пријавен во полиција, а во текот на истиот ден, таткото бил во станот кај мајката на Вања и нивната друга ќерка.

Нејзиното тело е пронајдено на 3 декември, а истиот ден е пронајдено и телото на Панче Ж. од Велес чиј автомобил користеле осомничените.

Поврзано

Back to top button