Ќе ви го распара срцето: Блага Петреска откри што нејзината мајка никако не можела да слуша
Фолк-дива се огласи на Фејбук и ги растажи фановите.

Оваа тажна песна нема кој не го погодува, а мајката на Блага Петреска не сакала никако да ја слуша.
Докажаната пејачка на македонски изворни и новокомпонирани песни, Блага Петреска, пред камерите е секогаш насмеана и весела, но низ годините се соочувала со тешки животни предизвици за кои многу ретко зборувала во јавноста.
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
Блага била млада кога го изгубила сопругот и никогаш повторно не се омажила.
На почетокот на нејзината кариера го запознала својот сопруг, Павел Контраденко – Павка, по потекло Украинец, по професија архитект.
ФОТО: Принтскрин
Плод на нивната љубов се синот Олег и ќерката Олја.
Во брак биле 10 години, додека cмp-ттa не ги разделила.
ФОТО: Принтскрин
И покрај многуте тешки животни моменти, оваа дама секогаш е насмеана, ведра и полна со живот.
Обожава времето да го поминува со своите внуци.
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
Блага не е многу активна на социјалните мрежи, но понекогаш знае да сподели по нешто.
Овој пат таа ја сподели песната „Ќе ти умрам мамо“, која има многу тажен текст и погодува директно в срце.
„Мојата омилена, која мајка ми не сакаше да ја слуша“, напиша Блага за песната.