Ќе ве расплаче, Алачки со емотивна порака: „После 7 месеци карантин се роди моето прво чедо, му благодарам на Бога“
Постарата генерација со сигурност се сеќава на триото кое жареше и плаеше во периодот на 90-те.
Песните „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов беа неверојатно големи хитови, а Адријана, Ирена и Горан уживаа голема популарност.
Двете пејачки беа препознатливи по специфичниот начин на облекување и за секој настап носеа некоја нова интересна креација.
По распадот на бендот, секој од нив продолжи со својата музичка кариера и секој од нив го достигна врвот.
Адријана одлучи и да направи чекор напред, па започа со водење на емисија за готвење „Вкусот на традицијата.
Скоро и не потои жена во земјава која барем еднаш не гледала некоја од нејзините емисии.
Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење, па жените може да научат различни традиционални рецепти подготвени од домаќинките ширум земјава со асистенција од Адријана.
На вкусните јадења кои се подготвуваат во емисија никој не може да остане рамнодушен.
Она што малкумина го знаат за Адријана е дека таа по професија е стоматолог. Растела во семејство во кое готвењето и семејните ручеци биле ритуал, па најверојатно сето тоа имало влијание Адријана да стане ова што е денес.
Дријана долги години беше во брак со хармоникашот Горан Алачки, а плод на нивната тогашна љубов се нивните две деца, Грациела и Благоја.
Грациела, Благоја, а сега и внуката Јана се најголемиот мотив за пејачката да напредува и да постигнува нови успеси.
Грациела има 31 година и е магистер на економски науки, вработена во „ЦКБ банка“ а Благоја дипломираше на Правниот
факултет.
Тој го наследи музичкиот талент од родителите и одлично свири на гитара. Она што е интересно, а го откри пејачката е дека Благоја исто така знае одлично да готви и постојано ја изненадува со нови рецепти.
Деновиве во домот на пејачката имаше причина за славење. Причината беше роденденот на нејзината ќерка, која е и нејзина голема поддршка во сѐ.
Пејачката на социјалните мрежи објави фотографии од Грациела во детството и напиша емотивна порака со која ги трогна сите кои ја прочитаа.
„Среќен роденден сонце мајкино.
На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував. Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано.
Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете…едноставно само тоа ти е важно. Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете…тоа дете има дете, семејство свое…свој човек.
И тогаш мислите се на квадрат…повторно од почеток…и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика..и тогаш важи пораката дека големината и вредноста на еден човек лежи во неговата скромност и едноставност. Тоа е мојата Граци…мојата секојдневна инспирација и дамарот мој. Среќна, здрава, жива…секој Божји ден…посебна си сонце.. единствена“, напиша Алачки и дополни:
„Да се има ќерка како што си Ти моја Граци е привилегија, дар од Бога, бескрајно му благодарам што толку ме награди за да почувствувам што е дете, со сите нишани. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН моја убавице.
Биди ми здрава и среќна со твоите најмили, остани скромна како секогаш, тоа ти е голем украс и многу незаборавни мигови до следниот…
Многу те сака мама!
Среќо моја, гордост моја“, напиша Алачки на Фејсбук.