“ЌЕРКО МАЈКИНА“: Сузана Спасовска со солзи во очите запеа на свадбата на својата ќерка (фото)

Викендов популарната македонска фолк-пејачка Сузана Спасовска ја омажи  ќерка си Теона Спасовска.

Веселбата беше во познат скопкси ресторан каде што главна за целата веселба  беше  мама Сузе која со солзи во очите се фати за микрофонот.

Познатата македонска пејачка пред месец на својот Фејсбук профил откри дека нејзината Теона решила да заплови во брачните води, па им посака на сите родители да си ја дочекаат истата среќа.

ADVERTISEMENT

– Е, да! Полека,полека си се спремаме за свадба. Има уште време. Верувам дека на сите родители еден од поголемите проекти во животот им е да си ги омажат и оженат своите чеда. Им честитам на сите со најновата песна што ја отпеав на Лешочкиот Фолк Фест 2019г. „Среќно мајкина“, пишува Сузана.

Ќерката на Сузе, Теона Спасовска за прв пат се појави во спотот на своајта мајка за песната „Дали знаеш ти (Рамо за плачење)“. Теона пред извесно време на својот Фејсбук профил постираше фотографија со своето момче -иден маж по име Виктор Велковски.Теона е дете на Сузана Спасовска од бракот со српскиот менаџер Раде, со кој беше во врска во почетокот на 90-ите.

Фото: Истаграм/Теона

Facebook Comments
(Visited 8.513 times, 1 visits today)