Ќерката Шајло на Бред Пит и Анџелина Џоли го менува полот: Таа мисли дека е една од браќата!

Семејството отсекогаш ја поддржуваше и и дозволуваше да се изрази на посакуваниот начин.

Шајло Џоли-Пит е најстарото дете на Анџелина Џоли и Бред Пит, но можеби и најспецифично. Имено, како што пишуваше, таа од малечка сака да ја нарекуваат со машки имиња, Питер или Џон, на што ја поттикнуваше и нејзиното семејство.

Секогаш ја поддржуваа и ѝ дозволуваа да се изрази на, за себе својствен начин, од фризура до гардероба и лични избори.

Анџелина за „Венити Феар“ раскажа пред 10 години дека Шајло сака да биде момче, да се облекува како момче, и затоа ѝ ја скратиле и косата.

„Таа мисли дека е една од браќата“, нагласи актерката.

Кога наполнила години, наводно посетила експерт за хормонска терапија и советување, а тоа би требало наводно, да ѝ помогне во тоа навистина да стане момче!

Актерот Бред пит во меѓувреме пронајде нова девојка во колешката Алиа Шокат. Ќерката на Бред, Шајло пак се зближила со Џенифер и дури почнала да ја нарекува „мамо“, пренесува „Њу ајдиа“.

Иако Анџелина Џоли на децата строго им забрани дружење со Џенифер, Шајло не се загрижи многу за тоа.

– На крајот тие две станале толку блиски, па дури го прашала и татко си, дали 50-годишната актерка смее да ја вика „мамо“, тврди наведениот медиум и додава:

– Многу време поминаа заедно и создадоа посебна врска. Бред е многу среќен што Шајло и Џенифер поминуваат заедно толку време, секогаш смеејќи и се забавувајќи се, вели извор и потоа додава, дека тоа е кошмар за Анџелина Џоли.

– Оваа е нејзин најголем кошмар. Шајло многу ги сака својата мајка и татко, но моментално повеќе време сака да поминува со Бред, заклучува изворот.

Facebook Comments
(Visited 293 times, 1 visits today)