Ќерката на Шабан изгради мал рај – еве што направи со работите на својот татко!

Наследничката на кралот на народната музика ја претвори семејната куќа во музеј, пренесуваат српските медиуми.

Илда Шаулиќ почнала со рестарвацијата на куќата на нејзиниот починат татко во родното место Шабац.

– Многу работи сменив, ја реновирав. Ја средив така што кога сакам – рече пејачката

Илда рече дека ова е како еден мал рај.

– Куќата е реновирана. Ја средив за живеење. Многу работи сменив, ја реновирав. Ја променив така што кога и да посакам да ја отворам вратата да влегувам во мал рај. Тоа беше важно за мене. Дали еден ден ќе стане музеј, ќе видиме – откри неговата ќерка Илда за „Свет“ и додаде:

– Работите на Шабан ќе бидат таму, и има многу други работи од нашето семејство, освен баба, дедо, тато, но ништо од тоа не е прилагодено на музејскиот амбиент, туку за живеење.

Жителите во неговиот роден крајвеќе од поодамна покренаа иницијатива, една од улиците да го носи неговото име.

Иако надлежните ја поддржаа оваа идеја и се чинеше дека нема никакви пречки за нејзина реализација, нешто подоцна дојде до проблеми и застој.

На крајот се испостави дека нема да може да се реализира ваквата идеја, затоа што за многу од соседите на Шабан, тоа би чинело премногу.

По загубата на нејзиниот татко Илда имаше уште една животна драма, таа го изгуби бебето кое го носеше во стомакот дури и новиот вирус Ковид 19 не ја одмина пејачката.

Но сите овие борби таа успеа да ги издржи и дефинитивно да стане една од најсилните жени на српската естрада.


Но сепак најголема поддршка на Илда е нејзиниот сопруг и нејзината ќеркичка.

 

 

 

 

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

 

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

 

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

 

 

(Visited 1.795 times, 1 visits today)