Ќерката на Алек Болдвин ја покажа својата позадина на Инстаграм, а нејзиниот татко со два збора истакна колку е згрозен!

Убавата 23 годишна манекенка позираше на кров од зграда

Но она што не можеше да го премолчи нејзиниот татко, Алек Болдвин, е секако тоа што беше облечена само во танги.

ADVERTISEMENT

Имено, ќерката на Алек Болдин и Ким Бесинџер, Арјленд Болдвин позираше на кров од една зграда во Њујорк, а нејзиниот татко не беше воодушевен од тоа што фотографијата заврши на Инстаграм.

Таа позираше во еден хотел, а во описот напомена дека „позадината“ не и е така бела како што изгледа, туку дека тоа е од сонцето.

„Извини. Што?“ не можеше да се воздржи нејзиниот познат татко, па го остави својот коментар под фотографијата.

Но тој не беше единствениот од семејството Болдвин на кого не му се допадна оваа фотографија.

Имено во коментарите се јави и нејзиниот вујко, Били Болдвин, кој напиша „Тешко за вујко ти Били да лајкува. Непријатно…“, а потоа додаде и едно срце во коментарот.

Само да потсетиме, родителите на младата манекенка, Алек Болдвин и Ким Кардашијан, беа во брак од 1993 до 2002 , а десет години подоцна, во 2012, актерот се ожени со својата сегашна сопруга Хилари.

Покрај Ајрленд тие имаат уште четири деца, а во мај 2018 тој стана татко и на 60 години.

 

Facebook Comments
(Visited 2.314 times, 1 visits today)