Реклама
Наши ѕвезди

Јелена Розга во фустан со кој никого не остави рамнодушен

Реклама

Јелена Розга не може да погреши кога е модата во прашање

Фото: Инстаграм/ Јелена Розга

Русокосата пејачка секогаш не воодушевува со своите стајлинзи, а така беше и овој пат кога позираше на Инстаграм.

Пејачката ова лето го минува работно, а кога ќе замине на заслужен одмор се уште не открива. Иако ја обожава својата Хрватска, убавата пејачка секоја година летува во Грција, па претпоставуваме дека наскоро ќе ја гледаме на плажите кај нашиот сосед.

Маркетинг

Но покрај својот ангелски глас, пејачката своите обожаватели ги воодушевува и со својот изглед. Таа наскоро ќе наполни 42 години, а со обожавателите на социјалните мрежи сподели фотографија направена на тераса од хотел на која позира во мал црн фустан со карнери и впечатлива, предимензионирана тока со кружна форма.

Фото: Инстаграм/ Јелена Розга

Минијатурното фустанче во преден план ги стави нејзините витки нозе кои дополнително ги издолжи со златните „barely there“ сандали. Во прашање се високи потпетици кои можете да ги носите апсолутно со сé и затоа модните гуруа ги препорачуваат како одлична инвестиција.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Јелена Розга

А еве и уште едно издание на Розга од истото место, но во малку „поинтересна“ позиција.

Па, кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button