Јелена Розга зборува отворено за пеперутките во стомакот – „За мене љубовта е магија. И кога е вистинска, НЕ треба да биде тајна!“
Хрватската пејачка Јелена Розга отворено за љубовта
Пејачката ги помина празниците во друштво на своите најблиски, но и со одличен настап во Црна Гора. Таа, во нејзиното последно интервју вели дека се уште има пеперутки во стомакот, но откри и каков човек би можел да ја освои, Во интервјуто зборува и за нејзината здравствена состојба и дали ги следи политичките настани…
“Секогаш се пишува сé и сешто, тоа така било и ќе биде. Но мене единственото нешто што ми остана сега е да се усовршувам, а поврзувањето со некои луѓе кои и не ги познавам или се мои драги пријатели дури и не допираат до мене, бидејќи не можете да ги промените овие работи. За мене љубовта е магија, за љубовта се борам, вистинската љубов не е тајна, кога ќе имам, сите ќе ја видат “, изјави Јелена Розга за весникот „Вечерњи лист“.
Таа вели дека секогаш има време за љубов, бидејќи е главен извор на нејзината енергија. „Пеперутките се тука”, изјави таа.
Хрватската пејачка меѓу другото не заборави да спомене и каков човек може да ја освои и дали со годините се промениле особините што ги бара од посилниот пол.
https://www.instagram.com/p/BsF3EXelbX_/
„Отсекогаш сум знаел што сакам, и сите ние го имаме она нешто што ја пали таа искра кога некого ќе запознаеме. Животот пишува романи, па на прв поглед некој и не мора да делува како да ги исполнува сите ваши очекувањата, но постои она нешто со што ќе ве освои“, заклучи таа.