„Ја претворивме собата во ВИСТИНСКА БАЈКА“ – Александра од „Брза кујна“ покажа како ја уредила собата на нејзината ќерка
Некогашната водителка на „Брза кујна“ Алексанра Илиевска откако се појави во кулинарското шоу привлече големо внимание од јавноста.
Секој нејзин чекор се следи, а публиката едвај чека да дознае нешто повеќе за неа.
Александра ги живее најубавите денови од животот. На нејзината среќа ѝ нема крај. Александра на 23. јануари на светот ја донесе својата прва ќерка Сара. Оттогаш водителката не престана да споделува со фановите колку е навистина среќна.
Алесандра беше од оние трудници кои навистина уживаа во бременоста. Се чини како воопшто да не доби вишок килограми и дека многу брзо по породувањето ќе се врати во форма. Не престана да биде активна на социјалните мрежи и постојано ги информираше фановите како тече бременоста.
„Тоа што сум бремена значи дека секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот“, напиша шармантната водителка под нејзината фотографија на Инстаграм.
Откако се породи најпрво ѝ посака јавно добредојде на својата ќерка споделувајќи фотографија од нејзината спална соба преполна со подароци за малата Сара.
Водителката во интервју за ММС.мк кажа како со сопругот го избрале токму името Сара.
„Имавме неколку имиња кои ни се допаѓаа и многу бевме неодлучни. Старосватицата ми подари и книга, речник на лични имиња за да имаме повеќе инспирација, па така имавме пет имиња кои ни беа во потесен избор, но сопругот сепак остави на мене. Кога се породив и ја имав во раце првото име кои ми дојде да и го кажам беше Сара, таа е наша мала слатка принцеза.
Симпатично беше дека некои од пријателите не зезаа за избор на некои од имињата, но кога им ја пративме на слика беше преубава реакцијата дека кое име и да сме го одбрале таа ќе го украси со својата убавина. И навистина е така, самата личност го прави името кое детенцето со својот карактер и харизма го краси“, кажа Александра.
Пред некое време таа сподели и фотографија од нејзиното мало семејство. На фотографијата позираше со сопругот и нивната ќерка, но сѐ уште не го има покажано нејзиното лице, па публиката не може да процени на кој личи малата Сара.
„Најмагичниот ден од мојот живот е денот кога станав мајка“, напиша Александра во опис на фотографијата.
Водителката вели дека сѐ уште не може да верува дека ѝ е доделена толку важна животна улога. Вели дека Сара ѝ е најубавото нешто што ѝ се случило и емоциите не може да ги опише со зборови.
И покрај пандемијата и новонастанатата ситуација, Алекандра откри дека бременоста ѝ поминала одлично.
Александра се породила на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а породувањето го извршил д-р Горан Кочоски, кој ја следел целата бременост на водителката. Сопругот на Александра не присуствувал на породувањето, но водителката уште само десет минути по породувањето веднаш му испратила фотографија од бебето на Александар.
Гордата мајка не пропушта ниту еден момент да помине со својата принцеза, а помош околу одгледувањето освен од сопругот, добива и од свекрвата.
Александра сега на својот Инстаграм профил покажа и како ја уредиле собата на малата Сара.
Минималистички и едноставно, но собата навистина изгледа прекрасно.
„Ние ја претворите малата соба на нашето новороденче во вистинска бајка“,напиша водителката во опис на фотографијата.