Јано мори, Јано леле …доби нова модерна верзија од Ај Кју (видео)
По неколкуте синглови со кои Ај Кју смело запливаа во меѓународните музички води како “Dancin”, “Love me hate me” и “Too late” на ред дојде една интересна преработка на песната „Јано мори“.
Дуото кое по настапот на Евровизија 2018 е многу активно низ Европа и Австралија поголемиот дел од оваа година го помина во Лондон работејќи на нов материјал и остварувајќи нови соработки. Бојан Трајковски и Марија Ивановска одлучија да ја изненадат македонската јавност со едно уникатно музичко остварување.
Тоа што е интересно е нивниот пристап кон трансформирање на еден ваков мелос во модерен и современ звук на кој тие заедно работеа со нивниот англиски ко-продуцент. Се разбира, приказната за оваа песна на Ај Кју не застанува тука, подготвена е и верзија со англиски текст која ќе се промовира на меѓународниот пазар следниот месец.