Кафе муабет

Ѕирнете во луксузниот дом на Данијела Мартиновиќ: По раскинувањето со Грашо ова е нејзина оаза на мирот!

Омилено место и е терасата...

По 24 години поминати заедно, веста дека Данијела и Петар Грашо решија да се разделат ја шокираше јавноста.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Пејачот набрзо потоа се омажи за Хана Хуљиќ со која ја доби ќерката Алба. Ова сигурно беше поразително за Даниела, но според сите наводи, на солзите дефинитивно им дојде крајот.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Домот на Данијела Мартиновиќ во кој живее по разделбата со Грашо зрачи со едноставна елеганција.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Декориран во минималистички стил, тој е одраз на софистицираност и добар вкус. Посебно интересен е плакарот, поточно гардероберот кој е сон на секоја жена. Светло дрво и затемнети стакла, Данијела дефинитивно знае да дизајнира со вкус, до најмали детали.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Нежни, женствени тонови доминираат во домот на хрватската пејачка.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Покрај неизбежните уметнички слики и фотографии на ѕидот, Даниела својот простор го исполнила со дискретни украси. И за работа и за опуштање со книга, и за дружење со пријателите, овој простор е полн со убава енергија.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Но, омиленото место во станот на Данијела е нејзината тераса, во чиј дизајн сигурно вложила многу труд и време. Рустикален под од темно дрво, украсни камења и растенија – ова е место за релаксација и јога. И погледот – фантастичен!

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

 

 

Маркетинг

Поврзано

Back to top button