Ѕвездата на Гранд го покажа трудничкото стомаче, Елена Миленковска е во седмиот месец и откри кој е таткото

Пејачкатаа Елена Миленковска одлучи оваа година да не се натпреварува во„Ѕвездите на Гранд“ поради бременоста.

Пејачот Александар Гуте Матинковиќ и таа наскоро ќе станат родители, а пејачката на својот профил на „Инстаграм“ го откри стомачето и покажа како изгледа во седмиот месец од бременоста.

– Сакам да ви кажам како се чувствувам. Пред се сум бремена жена. Тоа малку ми ги нарушува хормоните, реагирам на работите на кои претходно не сум реагирала, многу сум поемотивна, а тоа најдобро го знае мојот партнер. Понервозна сум во некои моменти, па тогаш станувам и се запрашувам: Елена што ти е!? Па се растажувам, па ќе запеам, па пак ќе заплачам. Не знам … Чудна е оваа состоба на бременост. Брзо се заморувам, а сакам да ги извршам сите обврски. Сепак е нешто најдобро што може да го доживее една жена. Од кога почна сето ова низ светот што се случува, си рековна себеси да бидам силна, ќе помине сето тоа, и една недела бев супер.

ADVERTISEMENT

– Синоќа после една недела се ме стигна, плачев, го молем мојот маж да ми вети дека се ова ќе помине што побрзо. Лежевме така еден час. Се гушкавме и ни зборуваше само убави работи, ми рече дека тој секогаш ќе биде покрај мене како моја најголема поддршка, ми зборуваше дека сум најубава и кога плачам. Многу го сакам, знаете? Убаво е кога човек не е сам. Се ова што се случува во светот и вчерашниот земјотрес во зЗагреб сето тоа многу ме погодува, се се тоа некои знаци. Исто така и луѓето…Да се смириме малку, бараме само материјани работи. Ајде малку да трчаме по среќата, прегратки, насмевки, позитива, да фантазираме повеќе. Учете од се што се случува. Чувајте се. Поради себе , и поради саканите. Да не дозволиме сето ова уште повеќе да се шири.

– Ти благодарам Гуте љубов на големата љубов и поддршка. Те сакам. Бев малку подолга. Извинете на тоа. Останете силни и сакајте се. Ви испраќам љубов од нас двајцата – порача Елена со објавената фотографија.

Да потсетиме, Елена и Гуте уште на почетокот на февруари ја споделија информацијата со своите следбеници дека носи машко дете и дека тие двајца ќе добијат син.

Facebook Comments
(Visited 663 times, 2 visits today)
Loading...