Ѕвездата на Гранд го кажа судбоносното „ДА“: Билјана се омажи на 45. години и блесна во бело покрај Александар

Гранд ѕвездата Билјана Сечивановиќ (44) се омажи во саботата за својот долгогодишен партнер Александар Недиќ.

Двојката се венчапе во Гроцка, во присуство на кумови и неколку блиски луѓе, а пејачката беше облечена како и секоја невеста, во бела венчаница.

Новопечените брачни партнери, по излегувањето од кај матичарот, ги пречекале трубачи па се изграл и чочек.

– Љубовта не знае за време и години и ако тогаш е тоа дека треба да изговорам „да“ јас и тогаш ќе ги изговорам зошто јас тоа не го правам за другите и не ме интересираат коментари од било која природа, рече неодамна Билјана.

Таа и Александар се верија пред две години во Дубаи, поради што започнаа заеднички живот во огромната куќа во Винча. Пејачката и новопечениот сопруг живеат со децата од нивните претходни емотивни врска, – нејзиниот син Матерј и неговата ќерка Николина.

Инаку, пејачката Билјана синот Матеј го доби со бизнисмен од Австрија, кој ги оставил кратко откако дознал дека пејачката е бремена.

Билјана во 2008 година се пријави на натпреварот за Ѕвезда на Гранд, со веќе добро искуство за пеење зад себе, зошто со години работела и заработувала како пејачка.

Стигна и до финалето, влезе во првите 12, а иако има одличен глас и неверојатни вокални способности, таа не направи поголема кариера од пеењето.

 

(Visited 4.887 times, 3 visits today)