Ѓоковиќ во солзи, стигнаа лоши вести, се огласи и неговата мајка за коронавирусот и испрати потресна порака

Но и покрај тоа нападите кој него не престануваат, а некои сметаат и дека не заслужува да биде шампион

Откако Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена објавија дека се позитивни на вирусот корона, целата светска јавност е загрижена, посебно оној дел кој познатиот тенисер го доживува како спортски херој.

Мајката на најдобриот светски тенисер Дијана Ѓоковиќ за српскиот весник „Блиц“ изјави дека Новак и Јелена се чувствуваат добро и покрај тоа што тестовите им се позитивни на вирусот корона.

„Сите се чувствуваме добро, како и тие двајцата. Тоа што Новак е позитивен не значи и дека е болен. Тој е млад и здрав човек, па полесно поднесува. Всушност, мислам дека вирусот е при крај, па ова се само некои и ‘опашки’ од короната кои не се толку силни како на почетокот.“

„Затоа и тие се чувствуваат добри, како и ние“, изјави Дијана и додава дека сепак се тестирала затоа што во изминативе денови била во контакт со својот син.

„Ние се тестиравме затоа што бевме таму, н негативни сме, како и децата, и тие се негативни. Сите сме добро и на сите им посакуваме добро здравје“, изјави таа за Блиц.

На прашањето како ги коментира нападите и критиките на светските медиуми упатени кон нејзиниот син Новак, заради тоа што беше организатор на турнирот, па сега го сметаат за еден од главните виновници за ширење на вирусот корона, таа вели дека навистина е страшно тоа што го пишуваат весниците, но и дека тие се навикнати на тоа. „Како одвај да дочекаа, очигледно Новак им пречи“, заклучи таа.

А еве што пишуваат светските медиуми

„Ѓоковиќ е број еден во тенисот и атракција во тениската сцена, но никогаш нема да биде голем шампион“

Германската новинска агенција ДПА и весникот „Rheinische post“ се приклучија во критиките кон најдобриот тенисер на светот, заради организирањето и одржувањето на Адрија турнирот во Белград и Загреб.

Новак имаше најдобри намери и затоа го организираше овој турнир. Сакаше да им помогне на тенисерите, сакаше да го врати тенискиот живот и се обиде да ја спаси сезоната, но неговиот подвиг заврши со катастрофа затоа што еден од учесниците, Бугаринот Григор Димитров, на турнирот го донесе коронавирусот и меѓу останатите го зарази дури и Ѓоковиќ.

Новак имаше најдобри намери и затоа го организираше овој турнир. Сакаше да им помогне на тенисерите, сакаше да го врати тенискиот живот и се обиде да ја спаси сезоната, но неговиот подвиг заврши со катастрофа затоа што еден од учесниците, Бугаринот Григор Димитров, на турнирот го донесе коронавирусот и меѓу останатите го зарази дури и Ѓоковиќ.

„Новак Ѓоковиќ, првопласираниот тенисер на светот, на својот Адрија турнир не сакаше ни да слушне за строгите мерки за хигиена какви има во фудбалската Бундеслига. А потоа неколку случаи на коронавирусот меѓу учесниците, стигна и остра критика од тениската сцена и прашања во врска со идните спортски случувања“, пишува ДПА.

Познатиот весник тврди дека Ѓоковиќ, и покрај сите успеси, никогаш нема да биде голем шампион.

НО на сите ни е јасно зошто го прават, тоа нели?

Еве што пишуваат тие…

„Ѓоковиќ е број еден тенисер и атракција на тениската сцена, но никогаш нема да биде голем шампион, бидејќи за тоа не се вани делата на теренот, туку оние во вистинскиот живот. На тоа поле овие денови тој остава беден впечаток. Ѓоковиќ и колегите со својот егоизам ги загрозија плановите за продолжување на сезоната“, пишува весникот и додава:

„Можно е сега, ако повеќе топ играчи се заразат со вирусот корона, паузата да потрае подолго пред да продолжи сезоната. На Ѓоковиќ тоа можеби му е сеедно, тој финансиски е обезбеден, но другите тенисери сега живеат на работ на егзистенцијата“, пишуваат Германците.

Facebook Comments
(Visited 4.543 times, 1 visits today)