Реклама
Наши ѕвезди

Што се случува со македонската Гранд ѕвезда?! ОВАА ФОТОГРАФИЈА загрижи многу нејзини фанови

Фотографијата ги загрижи нејзините фанови, но...

Реклама

Младата македонска пејачка која претходната сезона триумфираше во „Ѕвездите на Гранд“ ги загрижи сите со една фотографија.

Станува збор за Славица Ангелова која објави фотка од операциона сала, па некои се загрижија да не се случило нешто.

Но очигледно некои нејзини обожаватели заборавија на еден мнооогу важен „детаљ“, а тоа е дека Славица покрај музичката кариера е сериозно посветена и на своите студии.

Маркетинг

Истаграм/ Славица Ангелова

Имено, младата Гранд ѕвезда е запишана на Медицинскиот факултет во Софија, па пејачката со оваа фотографија само потврди дека таа максимално им е посветена на студиите и дека покрај музиката не се откажува и од тоа да стане докторка.

Маркетинг

Славица и додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ спремаше испити и постојано беше со своите скрипти и книги.

Истаграм/ Славица Ангелова

Но таа очигледно успешно успева да излезе на крај со овие две големи обврски, а доказ за тоа се и нејзините постојани настапи.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа веќе има договорено бројни настапи и за ова лето со нејзиниот поранешен ментор Ѓорѓе Давид, пејачката Ивана Петерс и колегата Александар Јосифовски, па така и покрај обврските што секојдневно ги има околу факултетот, таа не може да не биде задоволна и од тоа како се движат работите на музички план.

Истаграм/ Славица Ангелова

Еве како Славица им се заблагодарува на фановите од Македонија

А што се однесува до нејзината победа во популарното музичко шоу што ја вивна на „ѕвезденото небо“ и дали е задоволна од поддршката што тогаш ја доби за својот успех од Македонија и Македонците, Славица неодамна за Гламур магазин изјави:

„Пресреќна сум што сум Македонка, ако не бевте вие немаше да победам. Вие ме бодревте и ми дадовте сила да дојдам до посакуваниот успех. Ви благодарам од срце“, истакна тогаш познатата пејачка и наша идна докторка.

Истаграм/ Славица Ангелова

Истаграм/ Славица Ангелова

Истаграм/ Славица Ангелова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button