Што се случува со лицето на Северина – фановите шокирани од нејзиниот необичен изглед
Пејачката од блиску не изгледа толку свежо како на Инстаграм
Северина Којиќ (46) на премиерата на првата хрватска зомби комедија „Последниот Србин во Хрватска“ се појави заедно со сопругот Игор Којиќ (31). Покрај преубавиот фустан од Алесандра Рич и гламурозната чанта од Валентино која што ја носеше и со кои ги воодушеви сите, пејачката ги шокираше фановите и со изгледот на нејзиното лице.
Имено откако хрватскиот портал Индекс објави видео интервју со неа, многумина на социјалните мрежи коментираа дека лицето и изгледа стуткано и собрано, и дека најверојатно скоро не била на затегнување.
И Северина се појавува во филмот
Северина има помала улога на италијанска активистка за борбата на правата на зомбијата, а во филмот се појавува и нејзиниот сопруг (како зомби) и нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ кој игра вонземјанин. Тие на сетот соработуваат со многу познати актери и актерки.
Само да потсетиме, Северина не сака јавно да зборува за пластичните операции и нејзините естетски зафати, но своевремено има признато дека го оперирала носот и тоа заради девијација на септумот.