Што се случува со Лила Филиповска? Дали заради стрeсoT изгледа вака необично? Овој детаљ откри нешто што таа успешно го крие

Сите имаме слаба точка на телото, но дали за водителката тоа се рацете кои ги откриваат нејзините години?

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Нашата позната водителка Лила Филиповска има 48 години, но на нејзините фотографии, па и во живо изгледа многу помладо. Таа постојано добива комплименти на сметка на својот изглед од своите верни обожаватели, а на социјалните мрежи важи за една од најпознатите дами од Македонија. Сепак, како што и сите ние имаме по некоја слаба точка на телото, кај Лила тоа најверојатно се рацете. Освен ако не е во прашање некој ефект, па на оваа фотографијата изгледа поинаку.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, рацете на Лила на фотографијата изгледаат како таа да има барем 10 години повеќе.

Филиповска како и секогаш, така и овој пат беше одлично облечена. Без разлика дали е пред камерите или во свое опуштено издание, убавата водителка секогаш изгледа средено, а така беше и овој пат. Облечена во тренди капут во кафеава нијанса под кој носеше кусо здолниште и блуска во бела боја, таа целото издание го заокружи со црни високи чизми над колена и изгледаше феноменално.

Но она од што ќе бидат изненадени сите, е тоа како Лила изгледа на оваа фотографија. Имено, таа е позната по својот стил, елеганција и гламур, и кога е модата во прашање, може да добие и највисоки оценки, но нејзините раце изгледаат поприлично oстарено, барем на оваа фотографија. А забележуваме дека и лицето и изгледа чудно. Се наметнува прашањето дали Лила изглед вака необично заради проблемите во кои се најде откако беше повикана да сведочи во случајот „Реkет“ или едноставно прашање е некој чуден ефект со кој водителката реши да си поигра на Инстаграм?

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Што мислите вие?

Како и да е, ние во продолжение ќе ви претставиме и неколку совети со кои вашите раце ќе изгледаат барем 10 години помладо. Но да тргнеме по ред…

Според професионалците од оваа област жените многу повеќе посветуваат внимание во нега на своето лице, па и на телото, отколку на рацете и ноктите, па затоа тоа по некое време и им се познава. Од друга страна превенцијата и правилната нега се многу значајни за здравата кожа на рацете, и тоа посебно се однесува за во зимските месеци. Нашата кожа треба да се избори со екстремните надворешни услови, комбинирани со големи температурни разлики во животниот и работниот простор. Затоа во продолжение ќе ви претставиме и неколку совети кои ќе ви помогнат да ја задржите посакуваната кожа на рацете дури и во студените денови.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Правилно миење

Честиот контакт со сапун може да ги исуши рацете и да доведе до рaспукнување на кожата. Затоа не треба да користите антибактериски сапун, освен ако тоа е апсолутно неопходно. Избегнувајте парфеми, бидејќи тие дополнително ја сушат кожата и предизвикуваат иритација.

Користете хидрaнтни сaпуни со маслиново масло или алое вера. Измијте ги рацете со топла, но не премногу жешка вода и избегнувајте електрични aпарати кои во јавните тоалети служат наместо хартија за бришење.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Редовно влaжнење

Добрата крема за раце е од пресудна важност ако имате сапун или шампон. Нанесете ја по потреба, но не помалку од два пати дневно. Ако имате сува кожа, оставете ја кремата во близина на лавабото и ставајте секој пат по миењето на рацете. Најдобар ефект се постигнува ако пред спиење нанесете крема, ставете памучни ракавици и така легнете да спиете.

Ноктите исто така треба да ги хидрирате. На вашата кожа и е потребна влажност како од надвор, така и од внатре, затоа потребно е да пиете доволно вода.

Креми за сонце

Една од главните знаци за стареење на кожата е хиперпигментацијата на рацете. Причините за ова не се само годините, туку и штетното влијание на сончевите зраци. Затоа за да ги избегнете флеkите на рацете треба редовно да нанесувате крема со заштитен фактор, не советуваат професионалците.

 

Facebook Comments
(Visited 13.745 times, 1 visits today)