Реклама
Наши ѕвезди

Шејла од „Ѕвездите на Гранд“ немала што да јаде – без скршена пара, со тешко болен татко (видео)

Неверојатниот животен пат на победничката во „Ѕвездите на Гранд“ за која зборува целиот Балкан

Реклама

Во финалето учествуваа вкупно 20 кандидати

По цели девет месеци напорна борба вчера заврши финалето на уште една сезона од популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Од вкупно 20 кандидати, меѓу шестмината најдобри се пласираа сите тројца натпреварувачи од Македонија.

Маркетинг

Младата пејачка Мелиса Зијадиќ испадна пред последниот пресек, но сепак оствари голем успех во шоуто.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На крајот останаа само Андријана Петрушовска, Шејла Зониќ и Мики Секуловски, а Саша Поповиќ за победничка ја прогласи Шејла, која исто како и Мики, беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа освои најмногу гласови од публиката, додека Мики го освои второто место, а Андријана третото.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Која е Шејла?

Шејла ги освои сите како со своите извонредни вокални способности, така и со сценските настапи.

Таа беше единствената од натпреварувачките што ниту еднаш не беше во бараж, туку директно се пласираше во секој следен круг, а позната е и по тоа што е најшколуваната кандидатка што некогаш се натпреварувала во ова популарно шоу кое постои преку 20 години.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа е магистер по музика, а во финалето настапи под реден број 8. Беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ, а позната е и по својата скромност, која и покрај големата популарност што ја стекна во шоуто, остана истата онаква како што беше и претходно, верна на вредностите што ги почитува и според кои живее.

Таа има 30 години и е родена во Германија каде нејзините родители емигрирале за време на војната во Босна и Херцеговина.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

По четири години тие се вратиле во Босна, во селото Каменград во близина на Сански Мост, каде што пораснала.

Принтскрин/ Јутјуб, Подкаст радион

Таа има апсолутен слух и речиси перфектно ги изведува сите жанрови, а со музика се занимава од најрани години.

Музичката академија во Сараево ја завршува со најдобри оцени, а нејзините професори често знаеле да ја пофалат како една од најперспективните млади музички уметници во својата генерација. Кога ќе се запише на магистерски студии почнува и со свирки за да може да се издржува, па набргу започнува соработка со бендот „Диванхана“ и заедно со нив пее севдалинки.

Инстаграм/ Шејла

Но време на пандемијата предизвикана од вирусот корона и се случува и голем финансиски крах кога буквално немала што да јаде.

„Се чувствував страшно осамено, панични напади, напади на анксиозност со прашањето што правев до сега. Се прашував што да правам, јадам во овој град ориз и кечап, речиси немам што да јадам. Немав образ да барам било што од родителите бидејќи татко ми беше болен, живееја само од неговата пензија. Ми беше глупо јас здрава и права да барам, само го сакав ова и ете сега. Сфатив дека не може така и дека треба да тргнам на психотерапија малку да се репрограмирам“, раскажа пејачката неодамна во една емисија откривајќи дека тогаш решила да се врати во Сански Мост и да започне од почеток.

Инстаграм/ Шејла

Во „Ѕвездите на Гранд“ се пријавува благодарение на нејзиниот сопруг Армин кој најмногу влијаел на неа да го направи тоа.

И сега, нејзината животна приказна, посебно по победата во „Ѕвездите на Гранд“ кога сите врати и се отворени кога се во прашање музиката и нејзината кариера, сигурни ќе биде поука на многумина – успехот на сите ни е на дофат на рацете, само треба да ги испружиме и да го земеме, бидејќи ни припаѓа.

Па, браво за оваа девојка, но и за Мики, Андријана и Мелиса кои исто така покажаа дека со труд и љубов сé се постигнува.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button