Познатиот Готвач Никола Мишковски се „фрли“ на диета.
Шеф Никола е најпознат и еден од најдобрите готвачи во земјава, а заедно со својот колега шеф Марк се едни од омилените ликови кои секојдневно ги гледаме на малите екрани секој работен ден.
Двајцата професионални готвачи Никола и Марк секојдневно приготвуваат едноставни и брзи јадења и сето тоа го прават за само 20 минути со намирници кои и носат натпреварувачите, додека пак публиката со нетрпение очекува да види што ќе приготват врвните шефови.
Двајцата се големи гурмани, а сега на кратките Инстаграм приказни сподели дека се решил да биде на диета, па баш тогаш неговата сопруга решила да направи крошни.
-Кога ќе ти каже сопругот дека е на диета, поддршката е најбитна-напиша неговата сопруга Стефанија и објави фотографија од крофните кои изгледаат превкусно, па шеф Никола веднаш и одговори, а таа јавно го сподели и одговорот.
-Јас ќе јадам марули и брокули како магаре, а ти ќе јадеш крофни па има ли животот смисла-напиша шеф Никола, па додаде:
-Не направи две години додека стварав капитал, сега откако сум на диета ти текна крофни да правиш. Нема правда нема крофни за мене-напиша шеф Никола и додаде неколку смајлиња.
Секако оваа преписка насмеа многумина, а нема сомнеж дека и го разубаве и денот на својата сопруга со својата смисла за хумор.
Инаку Никола е неколку години во брак со неговата преубава сопруга Стефанија со која има две ќерки.
Па иако приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста, неретко ги покажува своите две прекрасни ќерки Стефанија и Калиа.
Никола од првиот брак го има синот Дарин, а во едно интервју зборуваше за тоа како се одлучиле за уште едно дете со Стефанија.
– Никогаш не знаеш каде ќе те однесат животните патишта. Кратко се познававме пред да ни се случи љубовта. Уште од првите мигови кога решивме да преминеме во нешто повеќе од пријатели, знаевме дека можеме да бидеме силна поддршка еден на друг. Нашата приказна е спонтана и брза. За кус временски период заедно поминавме низ многу моменти, патувања, свадбена забава и дете. И благодарение на пандемијата која ни овозможи повеќе време дома со семејството, се решивме и за второ дете, кажа Никола.