Шеф Никола покажа на кого личат неговите ќерки – ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА од сестричките и ги разнежни сите!

Талентираниот и единствен шеф Никола го покажа своето богатство.

Никола Мишковски или шеф Никола како што многумина го знаат од кулинарското шоу Брза кујна“ кое секој работен ден имаме можност да го следиме на Сител.

Двајцата професионални готвачи Никола и Марк секојдневно приготвуваат едноставни и брзи јадења и сето тоа го прават за само 20 минути со намирници кои и носат натпреварувачите.

Публиката многу често се интересира и за приватниот живот на готвачите па така шеф Никола им приреди вистинско изненадување и покажа како изгледа неговата ќеркичка која ја доби пред четири месеци.

Фото: Инстаграм/Никола Мишковски/Стефанија Мишковски

Фото: Инстаграм/Никола Мишковски/Стефанија Мишковски

Никола и Стефанија на почетокот на месец јули станаа родители за вторпат, односно Никола стана татко по третпат.

Имено фотографијата ја сподели неговата сопруга Стефанија која објави фотка од двете ќерки прегрнати, па напиша: „Најсреќна сум кога сум веднаш до тебе“.

Дада Стефанија позираше насмеана додека во прегратка ја држеше малата Калиа.

Инаку Никола од првиот брак го има синот Дарин.

Фото: Инстаграм/Никола Мишковски/Стефанија Мишковски
Фото: Инстаграм/Никола Мишковски/Стефанија Мишковски
Фото: Инстаграм/Никола Мишковски/Стефанија Мишковски
Фото: Инстаграм/Никола Мишковски/Стефанија Мишковски

Во интервју за „Слободен печат“, Никола кажа како се одлучиле за уште едно дете.

– Никогаш не знаеш каде ќе те однесат животните патишта. Кратко се познававме пред да ни се случи љубовта. Уште од првите мигови кога решивме да преминеме во нешто повеќе од пријатели, знаевме дека можеме да бидеме силна поддршка еден на друг. Нашата приказна е спонтана и брза. За кус временски период заедно поминавме низ многу моменти, патувања, свадбена забава и дете. И благодарение на пандемијата која ни овозможи повеќе време дома со семејството, се решивме и за второ дете, кажа Никола.

Фото: Инстаграм/Никола Мишковски/Стефанија Мишковски
Фото: Инстаграм/Никола Мишковски/Стефанија Мишковски
Фото: Инстаграм/Никола Мишковски/Стефанија Мишковски
Фото: Инстаграм/Никола Мишковски/Стефанија Мишковски

Фото: Инстаграм/Никола Мишковски/Стефанија Мишковски
(Visited 3.334 times, 1 visits today)