Велат дека ќерките се слабост за секој татко, па се чини дека така е и за еден од најдобрите готвачи во земјава.
Никола Мишковски или како што многумина го препознаваат шеф Никола од кулинарското шоу „Брза кујна“ е во брак со Стефанија со која има две ќерки и покажа како го минува времето со нив.
Стефанија и малата Калиа се негово богатство, но и слабост.
Иако е познато дека тој е еден од најдобрите готвачи во земјава се чини има и други таленти.
Сопругата на шеф Никола објави фотографија со него и нивната ќерка Стефанија на која тој ја шминка и дотерува па напиша:
„Најдобриот татко на свет, нејзиниот личен шминкер“.
Оваа фотографија ги растопи срцата на илјадниците фанови на шеф Никола.
Никола е вистински професионалец кога станува збор за готвењето, но секогаш знае да најде време и за своите деца.
Тој неодамна објави фотографија од неговите три деца додека ја китат новогодишната елка која украсена со различни лампиони изгледа преубаво.
Инаку тој од првиот брак го има синот Дарин, а со Стефанија има две преслатки ќерки.
Никола и Стефанија своето судбоносно „ДА“ го кажаа летото во 2019 година, а наместо класична свадба направија журка за која долго време се зборуваше. По ова заминаа на меден месец, а во септември неговата невеста се породи.