Шеф Марк и Василка вљубени како првиот ден- испратија порака од романтичното место, погледнете како уживаат за сите пари!
Познатиот шеф Марк ја дочека Новата година на егзотична дестинација и во костим за капење.
Ако за многумина Нова година и Божиќ ги асоцира на снег и студено време, шеф Марк и неговата сакана Василка имаат поинаква замисла.
Тие двајцата решија да си ги спакуваат куферите и да заминат од Македонија а новогодишните празници да ги поминат на Малдивите.
Парот уживаше на плажа, песок и сонце, а испратија и новогодишна порака и посакаа многу љубов од плажа.
-Ви посакуваме здравје, љубов, многу многу љубов за сите. Среќна нова година и среќни празници, уживајте“-посака шеф Марк а Василка испрати бакнежи.
Освен што е позитивниот и постојано насмеан Марк е одличен во сојата професија, тој е и голем романтичар. Долги години е во брак со својата сакана Василка, чија љубов сè уште е силна и голема како првиот ден. Тоа го докажуваат нивните заеднички фотографии споделените на социјалните мрежи, каде секогаш и секаде се заедно и уживаат во животот.
Василка и Марк имаат две деца, син и ќерка, кои живеат во Белгија.
Каде и да одат тие се држат за раце и се вистински пример како треба да се негува љубовта и во поодминати години.
„Во љубовта, во кујната и во животот ако не си поддржан и разберен, џабе е … Добро утро и добар ден на сите!!!“, напиша тој во една прилика.