Шеф Марк ги спакува куферите и со саканата замина од Македонија – погледнете го луксузот во кој сега уживаат за сите пари!
По повод новогодишните и божиќните празници си ги спакуваа куферите и заминаа далеку од Македонија.
Шеф Марк Де Јонг стана познат по кулинарското шоу „Брза кујна“ кое го гледаме секој работен ден на ТВ Сител и заедно со шеф Никола и шармантната водителка Сања се трудат да дадат идеи за брзи и вкусни јадења.
Марк е една од оние јавни личности што не ја скрива приватноста, а со тоа нема проблем и да ги покаже своите сакани.
Овојпат тој реши заедно со својата сакана Василка да ги спакуваат куферите и да заминат на заслужен одмор на Малдивите.
Шеф Марк на кратките Инстаграм приказни сподели низа фотографии, а од приложеното може да се забележи дека неговата понежна половина изгледа ултра згодно и има тенки нозе како манекенка.
Она што малкумина можеби го знаат е тоа дека Марк има македонско потекло.
Неговото семејство живеело во Скопје, но по катастрофалниот земјотрес се преселиле во Брисел, каде Марк живеел до пред неколку години.
Тој во интервју за Сител ја раскажа својата приказна и кажа дека дошол во Македонија само поради аманетот кој му го оставила неговата баба. Таа пред да поч-ине го замолила барем еднаш да дојде во посета на земјата од каде потекнува неговата мајка.
Василка и Марк имаат две деца, син и ќерка, кои живеат во Белгија
Харизматичниот готвач скоро во секоја емисија ја поздравува својата сакана и упатува пофалби за нејзиното готвење.
Според фотографиите кои двајцата ги објавуваат на социјалните мрежи, може да се забележи дека Василка го поддржува својот сопруг во сè, му прави друштво на разни гастрономски саеми и настани.