Шекеринска се сретна со Кејт Мидлтон- погледнете што носеа двете дами

Одличен моден избор на Радмила Шекеринска

Радмила Шекеринска беше една од гостинките на приемот во Бекингамската Палата во Лондон каде се сретна со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон. Вицепремиерката и министерката за одбрана за оваа пригода носеше елегантен фустан во кралска сина боја додека сопругата на принцот Вилијам изгледаше прекрасно во фустан во смарагдно зелена нијанса.

ADVERTISEMENT

Елегантниот фустан со долги ракави што го носеше Шекеринска и стоеше феноменално, а и фризурата и шминка одлично се вклопија во целата модна приказна,

Видеото што беше објавено од британските медиуми предизвика внимание на социјалните мрежи во Македонија, а нашата министерка и војвотката добија пофални зборови на сметка на своите елегантни изданија.

Инаку кралската сина боја е вистински хит во последните неколку сезони и мораме да признаеме дека е одличен избор за ваков тип на настани.

Можете да ја видите често и во street style низ светските модни метрополи, а изгледа елегантно и впечатливо дури и кога се во прашање само модни додатоци.

Можете да ја носите во секоја пригода, а неколку шик изданија со оваа боја погледнете во продолжение.

 

Facebook Comments
(Visited 694 times, 137 visits today)
Loading...