Човек може само да им позавиди: Пред два месеци стапнаа на лудиот камен, а сега повторно среќа – Дунвка и Ване имаат со што да се пофлат

Најпопуларниот пар во моментов во Македонија, ужива во љубовта секој ден, а тоа не пропуштаат да го споделат тоа на социјалните мрежи.

ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук

Дунавка Трифуновска ја паметиме како Мис на Македонија во 2015 година. Она што најмногу привлече внимание кај публиката тогаш беше гафот со срцето кој таа го направи со рацете.

По професија е фармацевт, а долги години е во модната индустрија и се занимава со фотомоделство.

ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук

Дунавка изминатиов период ги живее најдобрите моменти од животот.

Човекот кој го освои нејзиното срце и предизвика пресврт кај неа е поранешниот директор на финансова полиција, Ване Цветанов.

Откако ја обелоденија нивната врска тие постојано ја изненадуваат јавноста за промените и турбуленциите кои им се случија за многу кратко време.

Кога човек ќе ја пронајде својата сродна душа, тој не пропушта момент да помине со саканата личност и посакува цел свет да знае за среќата која ја чуствува.

ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук

Нивната врска ја разбранува јавноста. Љубовта ја обелоденија минатата година и оттогаш медиумите не престануваат да пишуваат за нив.

За медиумите велат дека тие си се сродни души еден на друг. Во себе пронашле партнер кој умее и знае да се носи со сите работи кои ги носи јавната професија.

Во изјава за „Репортер“ тој зборуваше за љубовта со Дунавка, но и за поранешната девојка.

ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук

„Таа во оваа врска влезе чиста како кристал. До денес не се јавил никој со некаква тема или проблем од нејзиниот живот кој би предизвикал некаква нервоза или проблем во нашата врска.

Од друга страна, моето минато е проблематично. Секој ден голем дел од времето го трошиме да расчистуваме проблеми кои сè уште ги прави мојата поранешна девојка.

Не верувам дека во последните 100 години сè има родено таква пaтолошка лажга која нема шанси да помине ни лекарско тестирање или преглед за пaтолошко лажење. Секој ден таа личност шири лаги против мене, па трошиме по половина час забавувајќи се со исправање лаги и смеејќи се на приредените циркуси. Во останатиот дел од времето предвидено за нас сме свои, автентични, вљубени и уживаме во љубовта за којашто и двајцата се согласуваме дека е дар од Бога“, раскажа Цевтанов.

ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук

Ване и Дунавка шират љубов, патуваат и во секој момент ужива во секој зеднички момент.
И двајцата се активни на социјалните мрежи каде постојано споделуваат нивните аеднички фотографии.
„Некои приказни и некои луѓе се среќни и без бројки“, напиша Дунавка во опис на нивна заедничка фотографијата.

ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук

Многумина мислеа дека нивната врска е само една обична кратка авантура, но тие двајца го докажаа спротивното.
Како новогодишна честитка за своите следбеници, Ване објави дека тој и Дунавка се вериле.
„2020-та година е една од најзначајните за нас.

Благодарение на Бога, токму тоа лето Господово го отворивме најубавото љубовно-животно поглавје.
Се надеваме дека Бог ќе не благослови со сето она што е потребно за да напишеме убави страници и во новата 2021-ва година.

На сите добри луѓе им посакуваме многу среќа, љубов, здравје, бериќет, успеси, радосни и многу позитивни моменти во новата 2021-ва година!

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА“, напиша Ване на Фејсбук.

ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук

И тука не запреа нивните изненадувања.

На еден од најубавите правослани прзници тие двајца одлучиле љубовта да ја крунисаат со брак, но во тајност.
Подоцна убавата вест ја кажаа на Фејсбук.

„Почитувани пријатели,
во очи на утрешниот голем Христијански празник Прочка,

Ве молам да ми простите што не Ве информирав во вторникот на 09.03.2021, дека со Дунавка Трифнувска во Црковниот
Храм Свети Димитрија СКЛУЧИВМЕ ЦРКОВЕН БРАК! Целокупниот тек на церемонијалните и црковните активности беше усогласен согласно ковид протоколите.

Од 09.03.2021
ВЕ САКАМЕ!“, соопшти Цветанов.

ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук

Првите сончеви зраци одлучија да ги искористат и за меден месец. Парот замина во Црна Гора каде уживаат во убавините на Порто Монтенегро.

Секако, не се воздржаа и се пофалија на Фејсбук, а под фотографиите веднаш почнаа да се нижат коментари со убави желби.

ФОТО: Дунавка Трифуновска / Фејсбук
ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук
ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук
ФОТО: Дунавка Трифуновска / Фејсбук
ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук
ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук
ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук
ФОТО: Ване Цветанов / Фејсбук
ФОТО: Дунавка Трифуноска / Фејсбук
ФОТО: Дунавка Трифуноска / Фејсбук
ФОТО: Дунавка Трифуноска / Фејсбук
ФОТО: Дунавка Трифуноска / Фејсбук

(Visited 3.056 times, 4 visits today)