Цеца јавно им се обрати на синот и снаата, причината е преубава – популарната пејачка сподели прекрасни вести со фановите

Познатата пејачка сподели прекрасни вести

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ со своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм спoдели среќни вести.

Имено, таа преку својот профил на Инстаграм им испрати честитки на синот Вељко и неговата сопруга Богдана.

Тие слават втора годишнина од бракот, а Цеца која објави фотографија од нивната свадба напиша:

„Среќна годишнина“, со својата песна „Те сакам“.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

На фотографијата се Богдан и Вељко на денот на нивната венчавка, во моментот додека танцуваат и заљубено се гледаат.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, пејачката неодамна отворено зборуваше за внукот Жељко, но и за нејзината снаа Богдана.

„Сега можат да родат уште десетина деца. Посебно е чувството кога Жељко го земав во рацете, како јас да го родив. И ден денес понекогаш може да ми се испушти. Те сака мама. Се знае кој е мајката и таткото, но тоа дете мене ме регенерираше и ми го освежи животот. Жељко на 3 јануари ќе има 7 месеци, многу е фокусиран, следи сé што се случува, а најважно ми е да е детето да е здраво, тоа за мене е најголема среќа“, истакна во една пригода познатата пејачка и додаде:

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

„Со снаата се согласувам одлично. Порано ме прашуваа за приватните односи, а јас сум жена која не се обидувала преку своите деца да ги остварам соништата, јас сум остварена како мајка, родител, личност, како жена, јас сум задоволна. Никогаш не би им избирала партнери на децата, ниту пак на мене ми бираа родителите. Најважно е децата да ми се среќни и на нив да не влијаат деструктивно“.

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

„Моите деца имаа прекрасни партнери. Богдана и официјално е во нашето семејство, таа е прекрасна девојка, но најважно е да му е добра на мојот син.

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Инаку нејзиниот син, кој по професија е боксер се ожени со Богдана Родиќ, и сега во Тител, родното село на својата сопруга.

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Симболиката на венчавката

На еден фан профил на Цеца се појави и видео направено од повеќе снимки од најромантични моменти на младиот пар кој веќе две години живее во брачна заедница.

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

За нивната свадба се зборуваше со месеци однапред, беа објавувани разно-разни детали, а многумина се уште се сеќаваат како изгледаше невестата на најубавиот ден во нејзиниот живот. Тие свадбената церемонија ја направија во еден луксузен хотел во Белград. Но она што можеби најмногу ги изненади фановите на Цеца беше самиот датум кој воопшто не беше случајно избран.

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Имено, на истиот ден, 24 ноември, само 24 години пред нивната свадба, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан го кажаа своето судбинско „да“. И тоа не беше сé. Имено и Богдана која во тој момент беше бремена, и која стана госпоѓа Ражнатовиќ на 24 години, на венчавката во црквата ја носеше истата венчаница со која и Цеца му се заколна на вечна љубов на Аркан.

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Исто така она што е малку познато, а што укажува на тоа колку Вељко и Богдана внимавале на секој детаљ за нивната свадба, е и изборот на песната што ја избраа за нивниот прв танц. Тие ја избра популарната нумера „Mirrors“ од Џастин Тимберлејк, песна која што пејачот ја напиша во чест на своите дедо и баба кога прославуваа 63 годишнина од нивниот брак.

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Ова беше дефинитивно еден од најубавите денови во нивните животи, но најсреќни беа неколку месеци подоцна, кога на 3 јуни 2020 година на овој свет дојде нивниот син, кој го доби името по дедо му Жељко Ражнатовиќ Аркан, што само кажува колку Вељко го почитува својот татко.

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

Фото: Инстаграм/ Цецагодес

(Visited 777 times, 1 visits today)