Реклама
Новости

Цеца стана баба по трет пат, ова се најважните детали од прославата во луксузниот дом од милиони евра

Цеца заедно со Маја Беровиќ им приреди луда забава на гостите во својот раскошен дом

Реклама

Кога Цеца се фати за микрофонот, настана вистинско лудило

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ направи голема забава во нејзината куќа во Белград по повод раѓање на третиот внук.

Од објавите на социјалните мрежи може да се види дека атмосферата била лудило, посебно откако Цеца се фати за микрофонот и заедно со Маја Беровиќ испеаја неколку хитови.

Маркетинг

Инаку, за забавата на гостите во вилата беа задолжени Петар Митиќ и неговата сопруга Ивана Павковиќ, но вистински спектакл настана кога Цеца и Маја го запеаја заедно големиот хит „Не рачунај на мене“.

Маркетинг

Тие двете оваа песна ја имаат препеано неодамна, а кога сега се фатија за микрофонот ги кренаа сите гости на нозе.

На прославата беше и Анастасија Гудељ, сестрата на Вељко, која неодамна се врати од Шпанија.

Таа во текот на денот не се појави воопшто, а потоа ги изненади обожавателите со снимка од забавата.

Имено, ќерката на Цеца се снимаше со својата братучетка Хелена, ќерката на нејзината тетка Лидија Оцокољиќ.

Тие двете гушнати се снима додека го пеат популарниот хит на Цеца, „Пази с киме спаваш“ и ги воодушевија сите.

Потоа Анастасија го сними и големиот огномет што се случуваше на небото над нивната семејна вила во Белград.

Спектакуларниот огномет никого не остави рамнодушен, а ќерката на Цеца преку снимката напиша:

„Исаија Ражнатовиќ!“

Инаку, по раѓањето на бебето се огласи и Вељко Ражнатовиќ, а Цеца ја сподели и првата заедничка фотка на Вељко со синот.

Повеќе детали погледнете тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button