Цеца заврши во прегратките на овој згоден маж беа маичка – „горат“ социјалните мрежи, жените гледаат и не трепкаат!

Таа не го заборави посебниот ден на Флоријан
Познатата фолк-пејачка Цеца Ражнатовиќ пред повеќе од три години како гостин во спотот за една своја песна го имаше згодниот манекен Флоријан Мунтеаниј, кој за потребите за снимањето пристигна од Романија.
Тие станаа пријатели, а пејачката беше презадоволна од соработката и од неговиот професионален ангажман.
А тоа дека и денес се во добро односи зборува и гестот што Цеца јавно му го честиташе роденденот преку социјалните мрежи со заедничка фотографија.
Таа посебно ги изненади припадничките на понежниот пол меѓу нејзините бројни фанови бидејќи манекенот изгледа поприлично занесно.
Во прашање е еден од кадрите од нејзиниот спот.
Инаку, Флоријан наполни 30 години, а како изгледа згодниот манекен денес погледнете во продолжение:




Љубовниот живот на Цеца
Инаку, за љубовниот живот на Цеца во последно време многу ретко се зборува. Но таа на листата со поранешни љубови покрај опасни момчиња, има и неколку манекени, а некои од нив прочитајте во продолжение.
Еве некои од срца кои Цеца ги скрши:
Владимир Вуксановиќ
Владо и Цеца никогаш официјално не потврдија дека се во врска, но се шушкаше дека биле во романса во 2009 година. Таа постојано во медиумите изјавуваше дека се само пријатели, а и поранешниот свршеник на Наташа Беквалац досега ги нема потврдено, но ниту демантирано овие гласини. Тој минатата година се ожени за девојка од Доминиканската Република со која истата година се остварија во улога на родители. .
Владимир Цветковиќ
Новосадскиот манекен беше првото момче за кое призна дека се забавувала и со кој се појавуваше во јавност после Аркан. Сепак, оваа романса не траеше долго зошто Владо и Цеца раскинаа по само 6 месеци врска.
Александар Јововиќ
Цеца неодамна на својата листа на поранешни љубови го додаде и овој манекен. На почеток тие двајца не сакаа никој да знае за нивната врска, но информацијата се појави неколку месеци по нивното забавување, а неколку месеци потоа Александар ги тргна сите заеднички фотографии. Можеби не можеа да го издржат притисокот од јавноста, па поради тоа врската пукна, но можно е да има и други причини – разлика во годините или некоја кавга.








