Цеца во кусо фустанче, одвај излезе од колата без „ИНЦИДЕНТИ“- овој детаљ сите го забележаа!
Многумина коментираа дека Цеца во ова издание изглед како девојче и дека ова е еден од најдобрите стајлинзи во шоуто

Не постои човек на ова планета што нема да се сврти доколку случајно покрај него помине една ваква дама на улица.
Познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави во уште едно неодоливо издание во „Ѕвездите на Гранд“.
Популарното шоу полека се приближува до самиот крај, па пејачката реши шоуто да го направи уште поинтересно.

Таа за снимањето на полуфиналето се појави во мини фустанче со кое покажа дека е во топ форма и ги распамети сите.
Единствениот проблем и беше заради должината на фустанот да не покаже премногу додека излегува од автомобилот, затоа што камерите беа вклучени и претставниците на седмата сила нестрпливо ја чекаа. Но како вистински професионалец, познатата фолк-пејачка се „покри“ со луксузната чанта и самоуверено зачекори пред нив, со нејзината препознатлива насмевка на лицето.

Тесниот фустан што го носеше во комбинација со тенките високи потпетици беа доволни сите да ја гледаат без да трепнат, а кога се сврте и ноншалантно тргна кон влезот во студиото, многумина коментираа дека никогаш не изгледала подобро.

Имено, тесниот фустан совршено ја истакна „позадината“ на Цеца која и на прагот на шестата деценија изгледа беспрекорно.

Потсетуваме, Цеца утре, на 14 јуни, ќе го прослави својот 50-ти роденден, но овој пат во кругот на семејството.

Таа реши да не прави голема прослава затоа што нејзината ќерка Анастасија, која беше во петтиот месец од бременоста, го изгуби бебето.

Од овие причини пејачката роденденот ќе го одбележи скромно, во друштво на најблиските, а со неа ќе бидат и Анастасија и нејзиниот избраник, фудбалерот Немања Гудељ, кои веќе ја изненадија со подарок.
Имено, Анастасија која неодамна го изгуби бебето, реши да се врати во Белград и некое време да помине со семејството.

По неа дојде и Немања, а како што пишуваат медиумите, причината е токму роденденот на мајката на Анастасија.

И откако по подолго време ја виде својата ќерка и зетот, Цеца веднаш се пофали и со подарокот што го доби од нив.

Во прашање е раскошна торта декорирана со златна круна, а на која е напишана пораката: „Жена, мајка, кралица“.
