Цените на становите се во пад, прв пат во последните три години – инфлацијата влијае и на продажбата на недвижности!

Овие бројки наскоро би можеле да се префрлат и кај нас!

Фото: Пикселс

Цените на становите паднале за 0.77 % од јуни до јули, што е прв месечен пад во скоро три години, велат во „Блек најт“, американска компанија што собира податоци, пишува српскиот „Телеграф бизнис“.

Можеби ваквиот пад на прв поглед изгледа мал, но тоа е најголем пад на цените во еден месец од јануари 2011 година.

Наглиот и брзиот раст на хипотекарните камати за оваа година доведе до тоа и онака скапиот пазар на недвижности да стане уште помалку привлечен.

Цените на становите нагло пораснаа за време на првите годни од пандемијата бидејќи побарувачката била неверојатно голема, од друга страна понудата историски слаба, а каматите на хипотеките беа огромни.

Фото: Пикселс

Од друга страна, достапноста на становите сега е на најниско ниво во последните 30 години. За купување на просечен дом потребно е 3.7 % среден приход на домаќинството за учество од 20 %. Тоа е околу 13 проценти повеќе отколку што било со влегувањето во пандемијата и значително повеќе отколку во годините пред и по Големата рецесија.

„Веќе некое време советувавме дека динамиката помеѓу каматните стапки, понудата на становите и цената на објектите е неодржлива од перспектива на пристапноста, и дека во некој момент нешто ќе треба да се менува“, вели Енди Волден, потпретседателот за истражување на претпријатијата и стратегиите во ова компанија.

Фото: Пикселс

Корекциите на цените во иднина веројатно ќе бидат и поголеми, а тие ќе бидат позабележливи откако ќе преминеме во она што се обично неутрална сезонски месеци на пзараот на недвижнини, вели тој.

Фото: Пикселс

Дури и за време на Големата рецесија цените на куќите обично незначително растеле од март до мај, заради сезонската состојба.

Сите падови на цените во тој период се случувале во месеците од јули до февруари, пишува Телеграф бизнис.

Фото: Пикселс

Некои локални пазари во САД бележат уште поголем пад во последните неколку месеци. Сан Хе, Калифорнија забележува најголем, со цени на куќите што паднале за 10 % во последните месеци, следува Сиетел (-7.7 %), Сан Франциско (-7.4%), Сан Диего (-5.6%), Лос Анџелес, (-4.3%) и Денвер (-4.2)

Од друга страна цената на становите и понатаму биле поголеми за 14.3 во јули во однос на јули 2021 година, но најголемиот дел од тој раст се случил во првите пет месеци од 2022 година, пред големиот скок на каматните стапки.

Цените на недвижностите растат и во Европа и Македонија, но дали ќе се прелие овој тренд од САД, е видиме за брзо време.

Фото: Пикселс

Дали падот на цената на железото ќе влијае на цената на становите? 

Цените на железото и челикот во последните неколку недели, па и месеци се во постојан пад на светските берзи, а истиот тренд го следат и бакарот и дрвените материјали кои се потребни во градежништвото.

Ваквиот пад на цените кој достигна и до 30 % може да предизвик трендот на растот на цените на недвижностите во целиот свет, што значи и во Македонија, потполно да се преврти и цените да почнат да паѓаат.

Фото: Пикселс

Падот на цените на овие материјали започна некаде на средината од летото и веќе се стабилизира, што значи дека од септември би можел истиот да се прелие и во секторот на недвижностите во светот. Тоа впрочем го кажуваат и од компанијата „Блек најт“ според кои во Америка цената на квадратниот метар веќе е во значителен пад.

Но според нив, тоа не е должи само на падот на цента на градежните материјали, туку и на други фактори, како што е зголемувањето на каматните стапки и инфлацијата. Имено, падот на цените кој ќе биде предизвикан од цената не железото и останатите материјали нема да биде моментален. Проблемот е што инвестициониот циклус за изградба на една зграда трае од 2 до 3 години, па со самото тоа поевтини квадрати кои ќе бидат градени со материјали по овие пониски цени, дури сега треба да се појават на пазарот.

Фото: Пикселс

Како што неодамна пишуваше Блиц бизнис, во текот на септември работите ќе станат многу појасни, коа ќе се види што ќе се случува и со руската и украинската криза, но и со цените на материјалите. Сепак, едно е сигурно, а тоа е дека помалку ќе се гради, а и помала ќе биде побарувачката, што значи дека цената на квадратниот метар веќе го достигнала максимумот и во иднина би можела само да паѓа, како што тоа е случајот во САД, или да се стабилизира.

Фото: Пикселс

Од друга страна ако нема побарувачка, тоа ќе значи дека нема да има ни економска активност што создава раст, така што логично е да заклучиме дека ни се ближи или веќе сме во рецесија. Градежништвото го движи економскиот раст во многу делови од светот веќе со години, но тоа сега полека сопира, а падот на економијата ќе влијае и на цените на пазарот.

Промената ќе ја видиме во септември?

Инфлацијата ја забави продажбата на станови и во Македонија, но цените се уште се високи.

И многу други светски познати агенции кои што се занимаваат со анализа на пазарот на недвижности велат дека енормниот раст на цените не само што рапидно се намалува, туку доаѓа и до пад на цените.

Фото: Пикселс

Тоа посебно може да се забележи во Германија и САД, каде покај падот на прометот, се бележи и поевтинување.

Само во текот на јуни купувањето на семејни куќи во САД е намалено за околу 60.000 или околу 15 %, што е најголем пад од април 2020. Според анализата на Редфин, тогаш пандемијата донела атмосфера на страв, па многумина се откажале од големи вложувања.

Од друга страна, сега пандемијата ја замени инфлацијата која во САД според некои независни процени е поголема и од 10 %, што дефинитивно е најголем скок од ноември 1981 година, пренесува српскиот портал „Денес“.

Како што веќе споменавме на почетокот од овој текст, на повлекувањето на купците влијаеше и тоа што Федералните резерви, односно Американската централна банка) во јуни ги зголемила каматите така што просечната камата на 30 годишна хипотека за искачила на шест отсто.

Фото: Пикселс

И во Германија пад на цените на становите

И германскиот весник „Шпигел“ зборува за надолната линија по која се движат цените на недвижностите во последните неколку месеци, кои се регистрирани барем во десет поголеми градови во оваа земја.

А што се случува со Македонија?

Овој тренд наскоро се очекува да Германија и САД да се прелее како во остатокот од светот, така и кај нас.

Во Македонија веќе е забележан пад во градежните активности така што во јуни годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е за повеќе од 13 проценти помалку од јуни минатата година.

Фото: Пикселс

Од друга страна ќе се намали и побарувачката за станови со растот на каматите на станбените кредити, а тоа го вели и Андреа Серафимовски, претседателот на Градежната комора при Стопанската комора.

Тој во интервју за весникот „Слободен печат“ вели дека очекува стабилизација на цената на недвижностите, посебно откако цените на градежните материјали почнаа да се стабилизираат во светот.

Но според него, цента сепак ќе остане повисока од онаа пред кризата, и ќе биде одраз на реалниот трошок на компаниите.

Фото: Пикселс

Од друга страна кога цените на материјалите почнаа да скокаат и кога инвеститорите ја подигнале својата цена по квадрат, и старите градби што се продаваат на пазарот го следеа овој тренд иако во прашање се станови кои веќе се изградени, така што на нив цента на материјалите апсолутно не влијае. Тоа значи дека се прави пумпање на цените на вештачко ниво, па во блиска иднина овој „балон“ би можел да пукне, односно цената на квадратот во старите згради, да забележи побрз и позначителен пад отколку кај новите.

Фото: Пикселс

Сега и инвеститорите се многу повнимателни, што имплицира дека бумот на пазарот со недвижности би можел да затаи.

Според оние кои се дел од градежниот бизнис кај нас, на сето ова влијаат и бесмислените најави дека следува голема криза во која што некои ќе немаат ни за јадење, дека нема да имаме струја, па сите чекаат да видат што ќе се случува на есен. Големите купувачи веќе се повлечени, а повнимателни се и оние што ѕидаат, така што промените на пазарот на недвижнини веќе се забележуваат.

А колку и дали овие фактори ќе се одразат и на цената на становите кај нас, ќе видиме веќе од септември.

 

(Visited 397 times, 1 visits today)