Цел свет во шок од цента на овој фустан за мажи од „Гучи“ – горат СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи, луѓето гневни на познатиот бренд
Мажи, дали би оделе во нешпто вакво на пивце во паб?
Портокаловата кошула со кариран дезен и со Петар Пан јака од брендот Гучи стана главна тема на социјалните мрежи.
Кошулата што наликува на фустан наменета е за мажи, а Дејли Меил пишува дека брендот нагласуваат дека овој модел ја одржува идејата за флуидност, нарушувајќи ги токсичните стереотипи што го обликуваат машкиот идентитет. Цената на кошулата инспирирана од „grunge“ стилот од деведесеттите е 2600 долари, што најмногу ги шокираше сите.
Кошулата има сатенска врвка околу половината што се врзува во панделка, а покрај портокаловата, достапна е и во цветен дезен кој е и нешто поевтин.
Памучната долга копула со кариран дезен инспирирана е од трендовите во 90-тите и може да се носи преку фармерки, препорачуваат од познатиот бренд.
Интересната јака потсетува на елементи инспирирани од детството што е поврзано со темата на колекцијата. Во прашање е модел направен од 100 отсто памук, со кратки ракави и копчиња во предниот дел.
На веб-страницата на познатиот бренд фустанот го носи машки модел во комбинација со скинати фармерки и волнена капа, со црна чанта префрлена преку телото и розови патики.
Што се однесува до реакциите, од социјалните мрежи можеме да видиме дека тие во главно се негативни. Многумина посебно ја критикуваа цената, а голем број луѓе се прашуваат кој би дал толку пари за еден ваков грд фустан?! Друг вели дека мажите можат да купат исто вакво парче и за 20 долари, ако навистина сакаат да се прошетаат во нешто слично.
„Не им треба Гучи“, вели овој корисник на социјалните мрежи.
Инаку, неодамна Гучи привлече внимание и со фармерките со дезен кој наликува како да се извалкани од трева.
Цената на овие фармерки е 600 фунти.
Погледнете ги и останатите модели…