Цел Балкан ја осуди затоа што падна на шармот на оженет човек – дали можете да го препознаете девојчето од фотографијата
Некои работи се забораваат, но љубовта и поддршката од семејството секогаш отануваат на прво место.
Иако првиот ријалити во кој наследничката на Гаги и Анабела, Луна Џогани, беше една од најголемите ѕвезди одамна помина, нејзините „грешки” се уште се прераскажуваат.
Таа наиде на осуда од нацијата затоа што се вљуби во Слобо Радановиќ, кој во тоа време се уште беше во брак со Кија Коцкар. Нивната љубов започна, но и заврши додека тие беа дел од големиот ријалити програм.
Но она што на Луни никогаш не и недостасуваше беше поддршката од семејството и најблиските.
https://www.instagram.com/p/BoASEq6n341/?utm_source=ig_embed
Анабела и Гаги во неколку наврати изјавија дека им е тешко секојпат кога ја гледаат својата ќерка тажна и несреќна. Тие никогаш не ја осудија, особено не пред милионскиот аудиториум, туку секогаш ја поддржуваа и ја оправдуваа. Тие ја разбираа секоја нејзина постапка во ријалитито и досега многу пати луѓето имаа прилика да ги видат нивните солзи и нивната љубов што ја имаат кон неа.
https://www.instagram.com/p/Br3UAIDnN4s/?utm_source=ig_embed
Нејзиниот татко, Гаги остана доследен на своите емоции, па овој пат објави фотографија на која Луна е како мала и заработи голем број лајкови.