Целосно непрепознатлива- познатата МАКЕДОНСКА пејачка објави фотографии од младоста и ги шокираше своите фанови
Таа важи за една од ретките пејачки која не се срами да покаже како изгледа и без шминка, а сега изненади со ретро фотографии.
Тијана Дапчевиќ е пејачка која веќе со години е на македонската естрада, а сега покажа како изгледала на почетокот од својата кариера.
Имено таа без никакви комплекси знае да покаже делови од својот приватен живот без трошка шминка, па така и овојпат таа сподели фотографии на кои изгледа целосно непрепознатливо.
Драстично послаба, со кратка црвена коса и интересен стајлинг, каде има само 18 години. Една од фографиите е направена на познатиот фестивал на популарна музика „Макфест“ во ’99 година.
„Она кога го средуваш плакарот и ќе најдеш престари фотографии, па те удрат флешбекови. Ијаоооо … На првата слика имам едвај 18 години, тогаш бев модел, како и во втората (од истото шоу), третата е од познатиот фестивал на популарна музика „Макфест“ во ’99 година (во тоа време веќе бев голема и пеев ихахај).
На третата слика, веќе сум вљубена во Милан и го гледам како теле во шарена врата (како и денес), а на последната слика веќе сум во Белград (почеток на ’00) и го крадам микрофонот на Леонтина. Ништо не се смени, како да не поминаа толку години … Сè уште сум млада и подготвена за нови предизвици. Кој знае, можеби утре повторно ќе бидам модел“, напиша Тијана во описот на старите фотографии.
Со оглед на тоа како изгледа, целосно се согласуваме дека Тијана навистина изгледа како топ- модел.
Тијана одлично се снаоѓа во музиката, но во последно време со улогата на Ула во познатата македонска серија „Преспав“ докажа дека глумата и е силна страна.
Таа покажа дека годините добро и стојат и дека секоја измината изгледа се поубаво.
Слична објава на својот профил сподели и нејзината сестра Тамара која исто така објави ретро фотографија од 20014 година.
Објавата беше превеземена од нејзината најдобра другарка Катерина Ивановска, а на фотографиојата и двете позираат заедно.