Цела Турција во шок поради Хурем – што се случува со неа?

Познатата турска актерка што се прослави со улогата на султанката Хурем во „Сулејман величествениот“ деновиве во Кан беше во центарот на вниманието.

Фото: Принтскрин

Мерјем Узерли позната по нејзината сјајна улога на Хурем во хит турската серија „Сулејман величествениот“ реши да го освои Кан, па не излезе од своите провокативни тоалети кои повеќе покажуваат отколку што сокриваат.

Откако најпрво се појави во светкава тоалета со длабок прорез и проѕирен долен дел со кој покажа повеќе од што е примерно, се појави во уште едно брутално издание со кое многумина остави без зборови.

ADVERTISEMENT

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Инаку, таа и минатата година носеше провокативно издание, но тогаш во прашање беше „само“ раскошна тоалета со длабок шлиц и уште подлабоко деколте.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Тогаш турската актерка која се прослави со нејзината улога на султанката Хурем во хит серијата Сулејман Величествениот предизвика и лавина негативни коментари бидејќи многумина се посомневаа дека направила пластична операција на своето лице. Имено, актерката која во серијата како султанка не носеше ништо ризично и речиси постојано беше покриена од глава до пети, на фотографиите од Кан изгледаше како да ги зголемила усните и како да претерала со ботоксот, а обожавателите се сомневаа и дека ги корегирала јаболчиците бидејќи беа истакнати како никогаш претходно.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

„Боже, што направи со усните, огромни се.“, „Премногу ботокс, зошто? Изгледаше прекрасно!“ „Целата си пластична“ беа само дел од коментарите што тогаш можевме да ги прочитаме на социјалните мрежи. Негативните коментари не сопреа и покрај тоа што во преубавите фустани што ги носеше на црвениот килим изгледаше како никогаш претходно.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Но Хурем очигледно премногу не е загрижена за негативните реакции, а тоа можеме да го заклучиме и со провокативните изданија со кои се појави на црвениот килим во Кан. Таа престојот во Франција и овој пат максимално го искористи за уживање и одмор, но и за лична промоција и тоа најмногу играјќи на картата на својот сексапил.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Facebook Comments
(Visited 6.862 times, 1 visits today)