Цела инфeктивнa клиника плачеше за Балашевиќ – ова беше неговата ПОСЛЕДНА желба, како да знаеше дека му се ближи крајот

Познатиот музичар ја изгуби најважната битка

Фото: Принтскрин, Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ

Познатиот композитор и пејач Ѓорѓе Балашевиќ го изгуби животот неколку месеци пред да наполни 68 години.

Семејството ја соопшти најтажната вест, а како што пренесуваат српските медиуми, од тажната вест биле погодени сите што во тој момент биле во Инфективната клиника на Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад, каде Балашевиќ ги помина последните часови од својот живот, кога беше примен откако состојбата му се влошила.

Ѓорѓе до последен момент не се предавал, а вработените и пациентите верувале дека од оваа животна борба ќе излезе како победник. Но по тажните вести многумина што во тој момент беа на Инфективната клиника пуштија солзи затоа што познатиот музичар ја изгуби битката.

Фото: Принтскрин

Неговата сопруга Оливера со солзи на очите и треперлив глас за белградските медиуми ја потврди информацијата, исто како и ќерката Беба, која беше пред Инфективната клиника, н немаше сила да зборува.

Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ

Балашевиќ три дена лежел во Инфективната клиника во Нови Сад, каде беше примен во лоша состојба заради Ковид-19.

Докторите ги преземале сите неопходни мерки, но до подобрување не дошло. Попладнето состојбата дополнително му се влошила заради поранешните хронични здравствени проблеми. Како што пренесе српскиот „Блиц“, докторите два часа и половина се обидувале да го вратат во живот, но за жал, неуспешно. Нивните напори не вродија со плод и Ѓорѓе го изгуби животот три месеци пред својот 68 роденден.

Инаку, Ѓорѓе само неколку дена претходно со чудна порака која што ја објави неговата ќерка ги загрижи фановите.

Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ

Имено, неговата ќерка Јелена Беба Балашевиќ со своите следбеници сподели интересна преписка со својот татко, и тогаш многумина се запрашаа дали познатиот музичар е заразен со вирусот корона?

„За среќа, не е позитивен на корона, само е позитивен на животот. Во ова лудо време се обидува да не насмее. ‘Коронуло’ е значи од затворањето, неизвесноста, лошите вести секој ден, грижата“, додаде Беба.

Еве ја нејзината објава во целост:

Фото: Принтскрин

Познато е колку Ѓорѓе Балашевиќ беше врзан за својата ќерка Беба, а како што и сам истакна еден од најтешките периоди во животот му беше кога неговата ќерка доживеа тешка сообраќајна несреќа. Јелена Балашевиќ тогаш со месеци беше неподвижна и навистина во критична состојба.

Фото: Инстаграм/ Оливера Балашевиќ

Но со помош на семејството, таткото Ѓорѓе и мајката Оливера, камо и својот брат Алекс успеа да го преброди тешкиот период.

Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ

Последната желба на Балашевиќ

Како што објавува српските медиуми, Балашевиќ од својата сестра, пред да замине на интензивна нега, барал да ја слушне својата најголема љубов, Оља.

Тој претходно безуспешно се лекувал 10 дена во својот дом, но интензивната нега беше неопходна.

Сестрата на Балашевиќ тврди дека најлошо е што не се ва*цинирал.

Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ цитати

Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ цитати

Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ цитати

Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ цитати

Фото: Инстаграм/ Оливера Балашевиќ

 

(Visited 2.716 times, 1 visits today)