ЦВЕТА ЉУБОВТА на македонската пејачка, пандемијата ѝ донесе хармонија во бракот – еве како уживаат со сопругот

Македонската пејачка и нејзиниот сопруг, кој исто така е музичар, важат за еден од најскладните парови на македонската музичка сцена.

Згодната битолчанка, Татијана Стефановска уште од првото појавување на јавната сцена важи за некој што сака да ги поместува границите, а тоа можеме да го видиме и од нејзините фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.

Таа е една од најзгодните на нашата сцена, но тоа витко тело не е случајно такво. Пејачката максимално се труди околу витката линија и редовно вежба.

ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук

„Тоа дека готвев во изминатиов период не значи дека не внимавав на линијата иако морам да признаам дека качив некое кило, но бидејќи теретаните беа забранети вежбав дома и внимавав на исхраната. Сега е убаво време за пешачење покрај езеро, се отворија и салоните за убавина, па можам комплетно да се посветам на себеси, односно на нега на моето тело и дух“, изјави неодамна познатата пејачка.

ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук

Инаку пејачката неодамна во интервју за порталот „Вечер.прес“ се осврна и на моменталната состојба во македонската естрада заради ситуацијата со вирусот корона и што мисли за помошта од владата од 14.500 денари. Таа во врска со ова изјави дека ситуацијата е тешка и дека многу музичари не настапувале од март месец, посебно за време и по карантинот.

ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук

„Музичарите се едни од тие луѓе кои секогаш помагаат и за хуманитарни цели, концерти, но луѓето како да го заборавиле тоа. Тие 14.500 денари би им помогнале на многу колеги. Готовите пари лесно и брзо се трошат, а верувајте немаме никаков приход, како и сите други граѓани така и ние плаќаме за сметки, даноци . Се надевам дека оваа ситуација ќе се реши, барем до крајот на оваа година, а со тоа и ние би продолжиле да работиме и заработуваме, изјави познатата пејачка додавајќи дека на оние што предлагаат да ја сменат професијата, тие самите да ја променат својата“, кажа таа.

ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук

Овој период на пандемија пејачката нема никаква ангажмани, па го користи периодот да го помине времето со сопругот. Таа изјави дека дури и овој период донел поголема хармонија и зацврстување на бракот.

Таа и музичарот Митко Бежановски се веќе 8 години во брак. Поради големата зафатеност околу работните обврски се случувало и по два месеци да не се видат, но нивната љубов секогаш ги победува и најголемите препреки.

ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук

Додека нејзиниот сопруг отсуствуваше од дома поради настапите, таа уживаше во прегратките на нејзиното милениче – мачето.

Имено, пејачката е голем љубител на животните, но мачките се нејзината најголема страст, а не ретко знае да им помогне, да ги вдоми и да им ја пружа целата своја љубов, особено кога има резерви.

ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук

На Митко и Татијана токму сега им се отвори можност да си се посветат еден на друг.

Вели дека поради нивните постари родители се труделе да не се гледаат со многу луѓе за да ги заштитат најблиските и себеси од вирусот, и дека слободното време го поминувале дома или на прошетка во природа.

ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук

Таа дури и се изненадила колку добро умее да готви.

Иако ја гази петтата деценија од животот, таа изгледа подобро од било кога.
На социјалните мрежи често споделува провокативни фотографии со кои мами воздишки кај посилниот пол.

Најмногу лајкови секако добива на фотографиите на кои во преден план е нејзиното вајано тело од кое фановите се воодушевени.
Погледнете во продолжение:

ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук
ФОТО: Татијана Стефановска / Фејсбук

 

(Visited 754 times, 1 visits today)