Хурем Султан во најубавото издание што сме ја виделе досега

Погледнете како изгледаше Хурем на фестивалот

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Како и секоја година и оваа најголемо внимание на црвениот килим предизвикува дамите со своите преубави вечерни фустани. Една од нив секако е и убавата турска актерка Мерјем Узерли која блескаше кога се појави пред фотографите на Филмскиот фестивал во Венеција.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Познатата актерка овој пат изгледаше како кралица – таа носеше фустан од Тони Вард во смарагдно зелена нијанса , а на главата имаше круна со која неодоливо потсетуваше на Хурем, султанката што ја глумеше во хит серијата „Сулејман Величествениот“. Таа и првиот ден од фестивалот носеше фустан од истиот дизајнер – само во беж издание и исто со круна со која ги воодушеви сите.

ADVERTISEMENT

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Мерјем се истакнува со својот порцелански тен и големи сини очи на кои и завидуваат жените од целиот свет. Таа минатата година беше жестоко критикувана бидејќи во турските медиуми се проширија гласини дека направила пластични операции, но откако објави фотографии на кои е без грам шминка на лицето, критичарите беа замолчени.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

 

Facebook Comments
(Visited 30 times, 1 visits today)