Хурем НЕ кажува кој е таткото на бебето, но турските медиуми претпоставуваат дека во прашање е овој познат актер (фото)

Познатата турска актерка Мерјем Узерли која се прослави со улогата на Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот“ се породи на 8 јануари.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Хурем која веќе ја има шестгодишната Лара, повторно роди женско дете и откри дека ќе добие необично име – Лили Кои.

Таа сподели и преслатки фотографии со бебето на својот профил на социјалните мрежи со следната порака.

Но познатата актерка се уште не сака да открие кој е таткото на нејзиното бебе. Во Турција се погласно се шушка дека таткото би можел да биде шармантниот актер Чаглар Ертугрул кој го толкуваше ликот на Јагиз Егемен во серијата „Ќерките на Фазилет“ која беше голем хит и во Македонија.

Фото: Инстаграм/ Чаглар Ертугрул

Сепак, оваа вести се уште ни тој ни таа ја нема потврдено, а неодамна медиумите пишуваа дека Чаглар е во врска со непозната девојка.

Фото: Инстаграм/ Чаглар Ертугрул

Фановите се прашуваат кој е таткото на бебето, но популарната актерка реши тоа да го задржи за себе.

Фото: Принтскрин

„Некои работи ќе ги задржам само за себе“, одговори Хурем неодамна во едно интервју на прашањето кој е таткото. Таа тогаш откри дека е во врска и дека моментално се чувствува среќна и благословена.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Инаку, Мерјем својата прва ќерка ја чуваше како самохрана мајка бидејќи нејзиниот поранешен 17 години постар партнер ја остави откако дозна дека е бремена.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Но и покрај тоа што ја тераше да се „реши“ од бебето, Хурем одлучи дека треба да ја роди ќерката, да го остави момчето и сама да се грижи за својата ќерка.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

hureИ очигледно дека оваа одлука беше една од најдобрите во нејзиниот живот, затоа што сега ужива максимум во мајчинството, а тоа го покажува и јавно. Мерјем со својата ќерка живее во Германија, но дали со нив е и идниот татко на нејзиното бебе, шармантната турска актерка, сега за сега, не сака да открие.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Принтскрин

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Принтскрин

Фото: Инстаграм/ Чаглар Ертугрул

Фото: Инстаграм/ Чаглар Ертугрул

Фото: Инстаграм/ Чаглар Ертугрул

Фото: Инстаграм/ Чаглар Ертугрул

Фото: Инстаграм/ Чаглар Ертугрул

Фото: Инстаграм/ Чаглар Ертугрул

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

(Visited 300 times, 1 visits today)