Хрватскиот политичар Иван Пернар се шокираше од сметката што ја доби во еден ресторан во Германија – „Тоа е таа напредна Европа“
Иван Пернар се разочара од Европа
Тој стигна во Лајпциг и во една локална пицерија порача пица со вода од чешма. Но токму тогаш следуваше и изненадувањето.
„Токму во Лајпциг водата од чешма (Leitungswasser) ја наплаќаат по 50 центи од дцл, што значи дека една чаша од 3 дцл е 1.5 евра. Еден литар дами и господа – 5 евра! Тоа е таа напредна Европа во која ние Хрватите сме назадни и примитивни“, се пожали Пернар.
Но иако мислеше дека со овој статус ќе привлече лајкови, произлезе дека неговите пријатели немаат проблем со цените. „Живеам во Виена веќе 24 години и тоа се уште не сум го доживеала.. но во Хрватска оваа година ме ограбија во еден ресторан во близина на Задар.. многу пари за никаква храна и услуга“, напиша една пријателка.
„Некој треба да ти ја донесе таа чаша на масата.. подоцна да го спреми тоа…“ напиша друг и додаде „А ти што мислеше дека некој гратис ќе ви носи вода, ќе ви ја мие чашата и ќе биде љубезен.. конечно и тие ја плаќаат водата, а шефот не и е некој ебиветер од Хрватска па да не им ја исплати платата“.
„Господин Пернер не се наплатува водата, туку услугата. Сервисот на чашата/миењето и сл“, коментираше уште една девојка под неговата фотографија на Фејсбук.