Хороскоп за Овен – според цигански карти за декември 2018
Еве што велат циганските карти за Овните за декември
Љубов
Очекувањата за љубовни игри, но и несреќи ги очекуваат Овните во текот на декември. Комуникацијата со вашиот партнер е речиси никаква и таква ќе остане и до крајот на овој месец, а на вас, како и на другата страна главата ви ја полнат со приказни луѓето што мислат дека знаат што е најдобро за вас двајцата. Слушнете го советот – ова е ваша љубовна приказна и сами морате да ги решите вашите сопствени проблеми и тешкотии – не оние околу вас, без разлика колку добронамерни се тие. Можете да се смирите и во мир да ги поминете новогодишните празници. Доколку сте осамени, малку ќе бидете со едниот, па со другиот додворувач, а од страна ќе му намигате трет. Дури ако е некој од минатото – вашата љубовна декемвриска слика е комплетна!
Работа
Вистина е дека сте максимално посветени на работата и дека се трудите од петни жили. Само никако не ви е јасно како овие напори и посветеност не ви даваат резултати, туку само некои полурезултати. Уште ако имате повремени тензии со вашите соработници и од време на време ќе се изгубите во документацијата – тогаш знаете многу добро за што ви зборувам. Само полека, ќе има и некои убави настани, интересни бизнис понуди и излез од финансиската криза која ве запоседнала веќе подолго време.
Здравје
Па.. онака. Како воопшто да не сте влегле во месец кој за многумина е полн со радости и исчекувања – нешто сте мрзеливи во последно време, малку спиете, не се храните квалитетно. Затоа најдобро е да промените нешто. Можни се респираторни инфекции, како и проблеми со жлездите