Хорор фотографии од болница во Загреб – бебиња лежат во урина врзани за креветчињата
Не е хаос само во нашето здравство
На социјалните мрежи во Хрватска се шират фотографии од близнаци од 5-месеци кои според нивната мајка, моментално се наоѓаат во Клиниката за инфективни болести, Фран Михалевиќ во Загреб .На фотографиите може да се забележат бебињата како плачат додека нивните нозе се врзани за креветчињата, облеката мокра од урината и со црвени и иритации на задникот. Околу рацете имаат тоалет хартија.
Медицинската сестра пие кафе
Близнаците се викаат Фран и Филип, а нивната мајка Ана Трешчец за порталот Индекс потврди дека во болница завршиле откако добиле грип. Кога ги посетила во болницата, ги нашла во оваа состојба и се фрапирала. И кога сакала да разговара со некого, сестрата била на кафе.
Покрај близнаците, оваа мајка има и дете со епилепсија за која мора посебно да се грижи, па затоа и не можела цело време да биде со близнаците во болницата.
По објавата на социјалните мрежи од страна на мајката се огласи и Министерството за здравство во Хрватска и најавија дека ќе го испитаат целиот случај.