Хирурзите ни ја откриваат тајната на Меган Маркл – овие фотографии сведочат за естетските корекции на нејзиното лице

На фотографиите од младоста разликата е очигледна

Пластичните хирурзи признаваат дека во последно време нивните клеинтки се почесто бараат да изгледаат како војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

ADVERTISEMENT

„Војвотката од Сасекс има речиси совршен облик на нејзиниот нос. Правилно и се сместени очите и нејзината брада е во облик на буквата ‘V’ и тоа изгледа класично убаво. Нејзиното лице има убав облик и најблиску е до она што Грците го сметале за совршено“, изјави во една пригода познатиот естетски хирург Де Силва за британскиот Експрес.

И додека сите и завидуваат на убавото лице на познатата војвотка, некои професионалци во оваа област тврдат дека тоа не е дело на природата, туку дека и самата војвотка направила корекција на својот нос за да изгледа така.

Од фотографиите од нејзината младост тоа и се познава. Имено, во тинејџерските денови носот на војвотката изгледал покрупно, иако таа самата никогаш не признала дека направила естетска корекција.

Но клиентките НЕ го бараат само нејзиниот нос, туку и јаболчната коска и обликот на нејзината вилица.

Од друга страна стручните лица се согласуваат дека убавината на нејзиниот нос е во тоа што не е потполно совршен, бидејќи на еден дел има една мала неправилност која можеби на прв поглед не е воочлива, но влијае и се одразува на целата мимика на нејзиното убаво лице.

Facebook Comments
(Visited 359 times, 1 visits today)