Хаос во „Ѕвездите на Гранд“ – Карлеуша со погрдни зборови ја нападна оваа натпреварувачка – она што го доби како одговор ги изненади сите
Нермина Лукавачкиќ со својот настап ја отвори новата емисија од натпреварот „Ѕвездите на Гранд“.
Таа од жирито доби три „ДА“, а потоа одлучи да ја избере Ана Бекута. Тоа Карлеуша не можеше да го премолчи.
„Што ни треба оваа? Што ќе ни е таа на нас? Каква ѕвезда ќе биде таа? Епа нема да биде“ – изјави Јелена, а нејзината колешка Бекута и порача дека погрешно ја проценила и дека времето ќе ја демантира.
„Има енергија на класична досада која фалшира: Катастрофа“, продолжи в нејзин стил Јелена Карлеуша.
Не мисли дека имам нешто лично против тебе. Преубава си. Имаш лице како да си дојдена од бајката ‘Снежана и седумте џуџиња’. Прекрасна си, но се поставува прашањето – дали си ти некој што може да стане ѕвезда?“ ја праша Карлеуша натпреварувачката, по што доби потврден одговор.
По ова следуваше голем аплауз од публиката и жирито, а Саша Поповиќ и порача дека сега и тој би ја земал.